MK/Prabhupada 0050 - Тие не Знаат Што е Следен Живот
Lecture on BG 16.5 -- Calcutta, February 23, 1972
Природата, по Кришнина наредба ни дава шанси, да излеземе од заплетканоста во раѓањето и смртта: „janma-mṛtyu-jarā-vyādhi duḥkha-doṣānudarśanam“ (БГ 13.9). Личноста е потребно да е интелегентна за да ги согледа неволјите кои ги носат овие четири настани во животот „janma-mṛtyu-jarā-vyādhi“. Тоа е целиот Ведски систем - како да се излезе од овие јамки. Тој ни даваат шанса:„Направи го ова, направи го она, направи го тоа“, значи регулирај го животот, како би можеле конечно да излезете од таа заплетканост.
Поради тоа Бхагаван-от рекол: „daivī sampad vimokṣāya“ (БГ 16.5). Доколку развиете daivī sampat, тие особини, како што е опишано - ahiṁsā, sattva-saṁśuddhiḥ, ahiṁsā, толку многу нешта - тогаш ќе излезете, vimokṣāya. За жал, модерната цивилизација, не знае што е тоа vimokṣāya. Таа е толку заслепена. Таа ( модерната цивилизација ) не знае дека постои положба наречена vimokṣāya. Тие тоа не го знаат. Тие не знаат што значи следен живот. Не постои едукативен систем. Јас патувам низ целиот свет. Не постои ниедна единствена институција која нуди образование за селењето на душата, како може да се добие подобар живот. Но тие не веруваат. Тие немаат знаење. Тоа е āsurī sampat. Тоа ќе биде опишано овде: „pravṛttiṁ ca nivṛttiṁ ca janā na vidur āsurāḥ“. Pravṛttim. Pravṛttim значи привлечност или врзаност. На кои видови активности треба да бидеме приврзани и од какви видови на активности треба да бидеме одврзани, тие, асурите (демоните, луѓето со демонски менталитет), тие не знаат. „Pravṛttiṁ ca nivṛttiṁ ca“.
- pravṛttiṁ ca nivṛttiṁ ca
- janā na vidur āsuraḥ
- na śaucaṁ nāpi cācāro
- na satyaṁ teṣu vidyate
- (БГ 16.7).
Тие се асури. Тие не знаат како да го насочат својот живот, во која насока. Тоа се нарекува pravṛtti. И од какви видови на живот треба да се одврзат и откажат, nivṛtti. „Pravṛttis tu jīvātmana“. Тоа е пак друго. „Bhunam. Nivṛttis tu mahāphalām“. Сите шастри, сите Ведски упатства се за pravṛtti-nirvṛtti. Тие тренираат постепено. Токму како „Loke vyavāyāmiṣa-madya-sevā nityā sujantoḥ“. Живото суштество има природна склоност за vyavāya, сексуален живот, и madya sevāḥ, интоксификација; āmiṣa sevāḥ и јадење месо. Тоа е природен инстинкт. Но, асурите не се обидуваат да го сопрат тоа. Тие сакаат да го зголемат. Тоа е животот на асура. Нешто сум болен. Доколку сакам да се излечам, лекарот ќе ми препише нешто што „Нема да го земам“. Исто како со пациент дијабетичар. Нему му е забрането „Не земај шеќер, не земај скроб“. Nivṛtti. Слично, шастрата дава упатство дека треба да се прифатат тие нешта и треба да не се прифатат тие нешта, śāstra. Исто така во нашето општество, ние ги прифаќаме најсуштинските nivṛtti and pravṛtt. Pravṛtti...Ние ги учиме нашите ученици „Без нелегален секс, без јадење месо, без āmiṣa-sevā“. „Āmiṣa-sevā nityā sujantoḥ“. Но, шастрата укажува дека доколку можеш да се откажеш, nivṛttis tu mahāphalām, твојот живот станува успешен. Но, ние не сме подготвени. Доколку не сте подготвени да ги прифатите pravṛtti и да не ги прифатите nivṛtti, тогаш мора да сфатите дека сте асура. Кришна вели овде, „pravṛttiṁ ca nivṛttiṁ ca janā na vidur āsurāḥ“ (БГ 16.7). Тие не...„O, што е тоа?“ Тие велат, дури и големи, големи свамии би рекле „Oх, што има погрешно во тоа? Можеш да јадеш било што. Не е важно. Можеш да правиш било што. Дајте ми само донација, јас ќе ви дадам некоја специјална мантра“. Тоа е тоа што се случува.