MK/Prabhupada 0068 - Сите Треба да Работат

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Сите Треба да Работат
- Prabhupāda 0068


Lecture on SB 6.1.45 -- Laguna Beach, July 26, 1975

Нитаи: „Во овој живот, секоја личност во зависност од степенот на различната работа, религиозна или нерелигиозна, која се извршува и во следниот живот исто така, таа иста личност во ист обем и иста разноврсност мора да ужива или страда во резултатите на својата карма“.

Прабхупада:

yena yāvān yathādharmo
dharmo veha samīhitaḥ
sa eva tat-phalaṁ bhuṅkte
tathā tāvad amutra vai
(ШБ 6.1.45)

Во претходниот стих разговаравме „dehavān na hy akarma-kṛt“. Секој кој го има ова материјално тело, мора да работи. Сите мораат да работат. И во духовното тело мора да работиме. Во материјалното тело исто така морате да работите. Затоа што принципот на работа е душата, а душата е жива сила и затоа секогаш е зафатена. Живо тело значи дека има движење. Има работа. Не може да седи напразно. Во Бхагавада гита се вели: „Ни за еден единствен момент, една личност може да седи напразно“. Тоа е симптомот на живото битие. И ова работење се одвива во склад со одреденото тело. Кучето трча и човекот исто трча/брза. Но, човекот мисли дека е многу цивилизиран бидејќи тој “брза“ со автомобил. И обајцата трчаат, но човекот има одреден тип тело со кое може да подготви возило или велосипед и може да “брза“. Човекот мисли: „Јас брзам со поголема брзина од кучето, затоа јас сум цивилизиран. Тоа е модерниот менталитет. Тој не ја знае разликата, помеѓу тоа да брза со педесет милји или пет милји или со брзина од пет илјади милји или пет милиони милји. Вселената е безгранична. Која и брзина да ја одберете, нема да биде доволна, сеуште не е доволна.

И ова не е живот затоа што: „Бидејќи јас можам да брзам/одам со поголема брзина од кучето, а поради тоа сум цивилизиран“.

panthās tu koṭi-śata-vatsara-sampragamyo
vāyor athāpi manaso muni-puṅgavānāṁ
so 'py asti yat-prapada-sīmny avicintya-tattve
govindam ādi-puruṣaṁ tam ahaṁ bhajāmi
(БС 5.34).

Нашата брзина...Што е брзина? Одењето на одредена дестинација ја одредува човековата брзина. А вистинската дестинација е Говинда, Вишну. И „na te viduḥ svārtha-gatiṁ hi viṣṇu“. Тие одат/брзаат со различни брзини, но не знаат која е дестинацијата. Еден наш голем поет, Рабиндранат Тагоре напишал статија, која јас ја прочитав, кога бев во Лондон. И во вашата земја, западните земји, автомобилите и...брзаат/возат со голема брзина. И Рабиндранат Тагоре, кој бил поет мислел: „Земјата на овие Англичани е толку мала, но тие возат со такви брзини што ќе стигнат до океанот и паднат во него“. Тој така забележал. Зошто тие одат толку брзо? Слично на тоа, ние одиме така брзо, како би заминале во пеколот. Тоа е нашата положба, затоа што не ја знаеме дестинацијата. Ако јас не ја знам својата дестинација и се обидувам да ја возам својата кола во полна брзина, каков ќе биде резултатот? Резултатот ќе биде катастрофа. Морам да знаеме зошто брзаме. Исто како што реката оди со моќната струја, кон својата дестинација морето. Кога реката ќе стигне до морето, тогаш нејзината дестинација исчезнува. Слично на тоа, ние морам да знаеме која е дестинацијата. Дестинацијата е Вишну, Господ. Ние сме делови и честички на Господ. Ние сме...На овој или оној начин, ние сме паднале во овој материјален свет. Затоа нашата животна дестинација ќе биде да одиме назад кај Господ. Тоа е нашата дестинација. Нема друга дестинација. Нашето Друштво за Свесност за Кришна не учи „Да ја поправиме целта на нашиот живот“. И која е таа цел на животот ? „Назад дома, назад кај Господ. Вие одите од оваа страна, спротивната страна, накај пеколот. Тоа е вашата дестинација. Одите на оваа страна, назад кај Бога“. Тоа е нашата пропаганда.