MK/Prabhupada 0084 - Само Постанете Посветеник на Кришна



Lecture on BG 2.22 -- Hyderabad, November 26, 1972

Нашиот предлог е да примите знаење од Кришна, совршената личност, Севишната Божја Личност. Ги прифаќаме шастрите, списите кои се непогрешиви. Нема грешка. Исто како кога одев покрај шталата, таму имаше многу кравји измет. Им објаснував на оние кои ме следеа дека кога тука би бил натрупан човечки измет, никој не би дошол овде. Никој не би дошол тука. Но, кравјиот измет, има многу кравји измет, а ние сепак наоѓаме задоволство кога газиме по него. Во Ведите е речено „Кравјиот измет е чист“. Тоа се нарекува śāstra. Ако кажете „Како е тоа можно? Тоа е животинска столица“. Но, Ведите тие...Поради тоа што Ведското знаење е совршено, дури ни со аргумент не можеме да докажеме како животинската столица постанува чиста, но е чиста. Затоа Ведското знаење е совршено. И ако го примениме знаењето од Ведите, ќе заштедиме многу време за истражување или проучување. Ние многу сакаме да истражуваме. Се постои во Ведите. Зошто го губите Вашето време?

Значи, ова е Ведско знаење. Ведското знаење значи она знаење кое е искажано од Севишниот Господ. Тоа е Ведското знаење. Apauruṣeya. Тоа не е изговорено од обичен човек како мене. Ако го прифатиме Ведското знаење, ако ги прифатиме, фактите како што се изјавени од Кришна или од Негов представник... Неговиот представник нема да говори ништо што Кришна нема да говори. Затоа, тој е представник. Личноста свесна за Кришна е представник на Кришна, бидејќи личност свесна за Кришна нема да говори бесмислици, кои немаат врска со Кришна. Тоа е разликата. Ништожниците ќе говорат за бесмислици и работи кои немаат врска со Кришна. Кришна вели „man-manā bhava mad-bhakto mad-yājī māṁ namaskuru“ (БГ 18.65), но ништожниот ученик ќе каже „Не, тоа не значи Кришна. Тоа е нешто друго“. Од каде ти е тоа? Кришна директно вели: „Man-manā bhava mad-bhakto mad-yājī māṁ namaskuru“ (БГ 18.65). Но, зошто отстапувате? „Зошто говорите нешто друго: Тоа е нешто внатре во Кришна?“ Ќе најдете...Не сакам да именувам. Има толку ништожни ученици, тие тоа така безвезе го толкуваат. И покрај тоа што Бхагавад гита е книга на знаење во Индија, толку многу луѓе се заведени, поради тие ништожни ученици ткн. ученици. Зато што тие едноставно погрешно ја толкуваат.

Затоа, ние ја представуваме Бхагавад гита, Каква што е. Кришна вели „sarva-dharmān parityajya mām ekaṁ śaraṇaṁ vraja“ (БГ 18.66). Ние велиме, ние го проповедаме овој култ: „Бидете свесни за Кришна. Само постанете посветеник на Кришна. Понудете го своето почитување...“ Морате да му понудите почитување на секој. Вие не сте врховен. Морате да му ласкате некому како би добиле услуга. Дури и ако сте добиле добра положба, морате да ласкате. Дури и ако постанете претседател на државата, треба да им ласкате на вашите сонародници: „Ве молам дајте го вашиот глас за мене. Ве молам, ќе ви дадам толку многу погодности“. Морате да ласкате. Тоа е факт. Можете да бидете многу голем човек. Но, морате да му ласкате некому. Мора да прифатите некој господар. Зошто не да го прифатите Кришна, врховниот господар? Во што е проблемот? „Не. Јас ќе прифатам илјадници други господари сем Кришна“. Тоа е нашата филозофија. „Јас ќе прифатам илјадници господари сем Кришна. Тоа е нашата детерминација“. Како тогаш можете да бидете среќни? Среќата може да се постигне само со прифаќање на Кришна.

bhoktāraṁ yajña-tapasāṁ
sarva-loka-maheśvaram
suhṛdaṁ sarva-bhūtānāṁ
jñātvā māṁ śāntim ṛcchati
(БГ 5.29)

Ова е процес на śānti. Кришна вели да прифатите дека: „Јас сум уживател. Ти не си уживател“. Вие не сте уживател. Можете да бидете претседател или секретар, можете да бидете што и да е. Но, вие не сте уживателот. Уживателот е Кришна. Личноста тоа треба да го знае. Исто како во вашите... Само што одговарав, на еден совет/одбор за помош на покраината Андхра. Што може тој совет за помош да постигне ако Кришна не е задоволен? Да се помогне едноставно со собирање на некои средства? Не, тоа не е возможно. Сега таму падна дожд. И сега ќе имате корист од тоа. Но, врнењето зависи од Кришна, а не од вашата способност да соберете средства.