MK/Prabhupada 0100 - Ние имаме вечен однос со Кришна



Lecture on SB 6.1.8 -- New York, July 22, 1971

Ние сме вечен однос со Кришна. Во денешното време, тоа е едноставно заборавено, потиснато. Затоа мислиме дека немаме однос со Кришна. Но, тоа не е факт. Бидејќи сме дел и честичка на Кришна, односот е вечен. Едноставно треба да го оживееме. Тоа е Свесност за Кришна. Свесност за Кришна значи...Ние сме сега во поинаква свесност. Јас мислам дека јас сум Индиец. Некој друг мисли: „Јас сум Американец“. Некој мисли: „Јас сум ова, јас сум она“. Но, вистинското размислување треба да биде: „Јас сум на Кришна“. Тоа е Свесност за Кришна. „Јас сум на Кришна“. Во односите на Свесност за Кришна, поради тоа што Кришна е сечиј, јас исто така постанувам сечиј. Само обидете се да разберете. Во Индија системот е таков да кога девојката е омажена за момчето,...и во вашата земја исто така, секаде истиот систем. Исто како што роднината на момчето ја нарекува девојката „Тета“. А како таа постанува тетка? Поради својот однос со сопругот. Пред бракот, не била тетка, но штом се поврзала со својот сопруг, роднината на мажот постанува внук. Исто така, ако повторно го воспоставиме нашиот однос или нашиот изворен однос со Кришна, а Кришна е за секој, јас ќе постанам за секој. Тоа е вистинска универзална љубов. Вештачката, таканаречена сеопшта љубов, не може да се воспостави ако не сте воспоставиле свој однос со средишната точка. Исто како што сте вие Американци. Зошто? Затоа што сте родени во оваа земја. Значи, уште еден Американец е член на вашата земја, но ако постанете нешто друго, тогаш немате однос со друг Американец. Значи, ние повторно мораме да го воспоставиме својот однос со Кришна. Потоа, прашањето на сеопштото општество, правда, мир, напредок ќе дојде. Нема друга возможност. Централната точка недостасува. Како може да има правда и мир? Не е возможно.

Затоа, во Бхагавад гита формулата за мир е дадена. Формулата за мир е дека личноста треба да разбере дека единствениот уживател е Кришна. Исто како во ово храм, централната личност е Кришна. Ако готвиме, тоа е за Кришна, не дека ние готвиме за наши потреби. На крај на краеви иако ќе го јадеме прасадамот, кога ние го готвиме, не мислиме дека го готвиме за нас. Го готвиме за Кришна. Кога одите надвор да соберете одредени парични средства, личностите кои се во киртан групата, немаат свои сопствени лични интереси. Не. Тие собираат или делат литература за Кришнина корист, за да се направат луѓето свесни за Кришна. И што и да се собере, тоа се троши за Кришна. Значи, на овој начин кога сме извежбани на ваков систем на живот, се за Кришна, тоа е Свесност за Кришна. Истото она што веќе го работиме, тоа треба да го работиме. Само треба да ја промениме свесноста, дека „Ова го правам за Кришна, не за мене лично“. На тој начин, ако ја развиваме Свесноста за Кришна, тогаш ќе дојдеме до нашата изворна свесност. Тогаш стануваме среќни.

Ако не дојдеме до изворната свесност, тогаш сме луди на различни нивоа. Секоја личност која не е во Свесноста за Кришна, се смета за луда, бидејќи говори на платформа која е привремена, минлива. Тоа ќе биде завршено, но ние како живи суштества, сме вечни. Значи, привремената работа не е наша работа. Нашата работа треба да е вечна, бидејќи ние сме вечни. И таа вечна работа е како да го служиме Кришна. Исто како што овој прст е составен дел од моето тело, а вечната работа на овој прст е како да го служи ова тело, тоа е се. Тој тука нема друга работа. И тоа е здравата состојба на овој прст. Ако јас не можам да го служам целото тело, тоа е болна состојба. Слично, Кришна е вечен, ние сме вечни. „Nityo nityānāṁ cetanaś cetanānām“ (Катха Упанишад 2.2.13). Ова се Ведски упатства. Врховно вечен е Шри Кришна а ние сме исто вечни. Не сме врховни, ние сме подредени. Nityo nityānāṁ cetanaś cetanānām. Тој е врховното живо суштество, а ние сме подредени живи суштества. Eko bahūnāṁ yo vidadhāti kāmān. Тоа едно вечно живо суштество ги снабдува потребите за живот на многуте живи суштества. Eko bahūnām, неограничен број живи суштества. Не можете да ги изброите. Bahūnām. Тоа е нашиот однос. Значи, како составен дел и честичка, ние требаме да го служиме Кришна затоа што ние сме подредени. Тој не снабдува со нашите потреби. Тој е Врховниот Татко. Таквиот живот е нормален живот и е ослободен живот. Секој друг живот, надвор од концептот на Свесноста за Кришна е грешен живот.