MK/Prabhupada 0101 - Нашиот здрав живот е да уживаме во Вечен живот
(Redirected from MK/Prabhupada 0101 - Our Healthy Life is to Enjoy Eternal Life)
Press Conference -- April 18, 1974, Hyderabad
Гостин (1): Која е крајната цел на оваа Свесност за Кришна?
Прабхупад: Да, крајната цел е да...Крајната цел е...дека постои дух и материја. Како што постои материјален свет, постои и духовен свет, исто така. „Paras tasmāt tu bhāvaḥ anyaḥ avyaktaḥ avyaktāt sanātanaḥ“ (БГ 8.20). Духовниот свет е вечен. Материјалниот свет е привремен. Ние сме духовни души. Ние сме вечни. Поради тоа, нашата работа е да се вратиме назад во духовниот свет, а не да останеме во материјалниот свет и да го менуваме телото, од лошо во полошо или од полошо во подобро. Тоа не е наша работа. Тоа е болест. Нашиот здрав живот е да уживаме во вечен живот. „Yad gatvā na nivartante tad dhāma paramaṁ mama“ (БГ 15.6). Видете, нашиот човечки живот треба да се искористи за достигнување на таа совршена положба, не повторно да го добиваме ова материјално тело, кое мораме да го менуваме. Тоа е целта на животот.
Гостин (2): Дали тоа совршенство е можно во еден живот?
Прабхупад: Да, во еден момент ако се согласувате. Кришна вели:
- sarva-dharmān parityajya
- mām ekaṁ śaraṇaṁ vraja
- ahaṁ tvāṁ sarva-pāpebhyo
- mokṣayiṣyāmi mā śucaḥ
- (БГ 18.66)
Ние го менуваме нашето тело поради грешни активности, но ако се предадеме на Кришна и ја прифатиме Свесноста за Кришна, веднаш сме на духовно ниво.
- māṁ ca yo 'vyabhicāreṇa
- bhakti-yogena sevate
- sa guṇān samatītyaitān
- brahma-bhūyāya kalpate
- (БГ 14.26)
Штом постанете чист бхакта на Кришна, веднаш ќе го надминете ова материјално ниво. Brahma-bhūyāya kalpate. Останувате на духовно ниво. А ако умрете на духовно ниво, тогаш одите во духовниот свет.