MK/Prabhupada 0103 - Никогаш немој да отидете од друштво на бхакти



Lecture on CC Adi-lila 7.91-2 -- Vrndavana, March 13, 1974

Наротам дас Тхакур вели: „Раѓање за раѓање“. Бидејќи бхактата, тој не чезнее да оди назад дома кај Бог. Не. Било кое место, не е битно. Тој едноставно сака да го слави Севишниот Господин. Тоа е неговата работа. Не е работата на бхактата да пее и да танцува и предано да служи, како би можел да оди на Ваикунтха или Голока Вриндаван. Тоа е желбата на Кришна. „Ако Тој сака, Тој ќе ме земе“. Исто како Бхактивинод Тхакур: „Icchā yadi tora“. Janmāobi yadi more icchā yadi tora, bhakta-gṛhete janma ha-u pa mora. Посветеникот само моли да...Тој не бара од Кришна: „Молим Те врати ме на Ваикунтха или на Голока Вриндаван“. Не. „Ако мислиш дека морам повторно да се родам, тоа е во ред. Не, мојот единствено, единственото мое барање е да се родам во дом на посветеници. Тоа е се. Како не би можел, да Те заборам“. Тоа е единствената молитва на посветеникот. Исто,...како и ова дете. Таа се родила кај татко и мајка Ваишнави. Значи, таа морала да биде Ваишнава во нејзиниот претходен живот. Затоа што ова е можност за...за сите наши деца, кои се родени од татко и мајка Ваишнави. Тие се многу, многу среќни. Од самиот почеток на нивниот живот, тие ја слушаат Харе Кришна маха - мантрата. Тие се дружат со Ваишнави, пеејќи и танцувајќи. Имитација или факт тоа не е битно. Значи, тие се многу, многу среќни деца. „Śucīnāṁ śrīmatāṁ gehe yoga-bhraṣṭaḥ-sañjāyate“ (БГ 6.41). Тие не се обични деца. Тие деца...Тие деца секогаш копнеат за друштво на посветеници, пеејќи Харе Кришна, тие доаѓаат до нас. Тие не се обични деца. Bhakti-sange vasa.

Тоа е многу добра можност, bhakti-sange vasa. Значи, нашето друштво за Свесност за Кришна е bhakta-sanga, друштво на бхакти ( посветеници ). Никогаш немој да се обидете да заминете. Никогаш немој да се обидете да заминете. Може да дојде до отстапувања. Треба да се прилагодите. И тоа заедничко пеење и танцување, во заедницата на посветеници има голема предност, голема вредност. Овде е потврдено и сите Ваишнави потврдиле.

tandera carana-sevi-bhakta-sane vasa
janame janame mora ei abhilasa

(Шрила Наротам дас Тхакур)

„Janame janame mora“ значи тој не сака да се врати. Тоа не е негова желба. „Кога Кришна ќе сака, Кришна ќе ми дозволи. Тоа е различна работа. Инаку, пушти ме да одам по овој пат, живот во заедница на посветеници и пеење и танцување е мојата работа“. Тоа е потребно. Ништа друго. Се друго, се за што можеме да тежнееме е anyābhilāṣa. „Anyābhilāṣitā-śūnyam“ (Брс. 1.1.11). Посветеникот не треба да тежнее за ништо друго сем: „Дозволете ми да живеам во друштво на бхакти и да пеам Харе Кришна маха мантра“. Тоа е нашиот живот.

Ви благодарам многу.