MK/Prabhupada 0104 - Прекинете го Кругот на Раѓање и Смрт



Lecture on BG 9.1 -- Melbourne, April 19, 1976

Пуста Кришна: Како духовната душа на звер влегува во обликот на човечкото тело?

Прабхупад: Исто како крадецот во затворот. Како тој постанува ослободен? Кога времето на неговото патење ќе заврши, тогаш тој повторно е слободен човек. А, ако повторно постане криминалец, тој е ставен повторно во затвор. Значи, човечкиот облик на живот е наменет за разбирање, како што објаснувам. Што е проблемот во мојот живот? Не сакам да умрам, а ставен сум пред смрт. Не сакам да постанам старец, а јас сум обврзан да постанам старец. „Janma-mṛtyu-jarā-vyādhi-duḥkha-doṣānudarśanam“ (БГ 13.9). Значи, тој...Исто како примерот со крадецот. Кога е слободен, ако мисли, размислува: „Зошто бев ставен во таа бедна состојба од шест месеци на затворски живот? Имаше толку многу вознемирувања“, тогаш тој всушност постанува човечко суштество. На сличен начин, човечкото суштество има напреден начин на расудување. Ако размислува: „Зошто сум ставен во ваква мизерна состојба?“ Секој мора да признае дека тој е во бедна позиција. Тој се обидува да постане среќен, но нема среќа. И како таа среќа може да се достигне? Тоа е шансата за човечкото суштество. Но, ако примиме со милоста на материјалната природа, облик на човечко суштество и не го користиме правилно, ако го злоупотребиме благословот, како мачките и кучињата или другите животни, тогаш мораме повторно да прифатиме животински облик, а кога терминот ќе заврши...Треба многу, многу време затоа што постои еволуциски циклус. Значи, повторно ќе дојдете во овој човечки облик кога терминот ќе заврши. Точно истиот пример: Кога крадецот ќе ја одлежи затворската казна, тој повторно е слободен човек. Но, ако повторно стори казнено дело, повторно оди во затвор. Значи, постои круг на раѓање и смрт. Ако го искористиме нашиот човечки живот правилно, тогаш го прекинуваме циклусот на раѓање и смрт. А ако не го искористиме овој човечки живот исправно, повторно ќе се најдеме во тој круг на раѓање и смрт.