MK/Prabhupada 0106 - Земете го лифтот на Бхакти за кај Кришна директно



Lecture on BG 18.67 -- Ahmedabad, December 10, 1972

Значи, mama vartmānuvartante значи, токму како на врвот, токму како што во Америка има толку многу висококатници. Сто и пет катови. Мислам дека тоа е најновата. И да претпоставиме дека морате да одите во највисокиот стан. Постојат скали. Секој се обидува да отиде таму. Но, некој поминал, да речеме, десет чекори. Некој друг, да речеме поминал, педесет чекори. Друг поминал сто чекори. Но, морате да достигнете, да речеме, две илјади чекори. А, скалите се исти. Mama vartmānuvartante. Затоа, целта е да се отиде на највисокиот стан. Но, оној кој поминал десет чекори, понизок е од оној, кој поминал, педесет чекори. А оној кој поминал педесет чекори, понизок е од оној кој поминал стотина чекори. Слично на тоа има различни процеси. Но, сите процеси не се исти. Тие тежнеат, кон иста цел карма, дјана, јога, бхакти, а бхакти е највисокиот чекор. Затоа, ако дојдете на ниво на бхакти, тогаш можете да сфатите што е Кришна. Не со карма, дјана, јога. Тоа не е возможно. Вие се обидувате да ја достигенете таа цел, но Кришна вели bhaktyā mām abhijānāti (БГ 18.55). Тој не вели: „Со дјана, со карма, со јога“. Не. Тоа не можете да го разберете. Вие можете да чекорите, понатаму. Но, ако сакате да го спознаете Кришна, тогаш бхакти. „Bhaktyā mām abhijānāti yāvān yaś cāsmi tattvataḥ“ (БГ 18.55). Тоа е процесот. Затоа mama vartmānuvartante means. „Сите се обидуваат да Ме достигнат мене, според нивниот капацитет, способност, но оној кој всушност сака да Ме разбере, единствен процес за тоа...“ Исто како што таму има скали, но не во оваа земја, во Европа и Американските земји, еден до друг, има лифт, елеватор. И наместо да одите, чекор по чекор до највисокиот стан, вие се користите со помошта на лифтот. И одите нагоре веднаш, за секунда. И ако го искористите лифтот на бхакти, тогаш веднаш доаѓате во директен контакт со Кришна. Наместо да одите чекор по чекор по чекор. Зошто тоа би го сториле? Затоа, Кришна вели: „Sarva-dharmān parityajya mām ekaṁ śaraṇaṁ vraja“ (БГ 18.66). „Едноставно предај ми се Мене. Твојата работа е завршена“. Зошто би работел толку многу, чекор по чекор по чекор ?