MK/Prabhupada 0120 - Несфатлива мистична моќ



Morning Walk At Cheviot Hills Golf Course -- May 17, 1973, Los Angeles

Прабхупада: Го преведе ли?

Сварупа Дамодар: Несфатлива?

Прабхупада: Да. Несфатлива или мистична.

Сваруп Дамодар: Мистична моќ.

Прабхупада: Да.

Сварупа Дамодар: Ги собирам сите објаснувања што Шрила Прабхупада ни ги даде, разните acintya-śaktis што ги почитуваме.

Прабхупада: Еве една acintya-śakti на дело, оваа магла. Немаме моќ да ја растераме. Ја надминува нашата моќ. Можеме да ја објасниме ако малку си поиграме со зборови...

Минувач: Добро утро.

Прабхупада: Добро утро. ...да речеме: „Вакви елементи, такви молекули, вакво ова, такво она“, можеме да кажеме разни работи. Но, (се смее) немаме моќ да ја растераме.

Сварупа Дамодар: Да, постои објаснување како се создава маглата. Го нарекуваат...

Прабхупада: Може да се објасни. Дури и јас можам тоа да го направам. Не треба многу за тоа. Ама, ако знаете како се создава, тогаш растерајте ја.

Сварупа Дамодар: Знаеме како се создава. Тоа знаеме.

Прабхупада: Ако знаете, тогаш треба да откриете како да ја растерате. Како што порано, за време на војната фрлиле атомска brahmāstra . На другата страна... brahmāstra значи екстремна жештина. Предизвикале нешто, претвориле во вода. Зашто после горештина, мора да има вода. Што вели науката?

Сварупа Дамодар: Маглата е како млекото. Млекото изгледа бело, ама всушност е вода. Тоа се нарекува колоидна суспензија на протеини, на казеини во водата. Слично на тоа, маглата е само колоидна суспензија на вода во воздухот.

Прабхупада: Да. Тогаш направете оган. Веднаш ќе се расчисти. Водата може да се изгони со оган. Направете оган. Тоа не можете. Само фрливте една бомба. Ќе се создаде жештина и маглата ќе ја снема. Направете го тоа.

Карандара: Тоа би ја разнело планетава. Тоа би ја разнело. (се смее)

Прабхупада: Харе Кришна. На водата може да се спротивставиме со оган или со воздух Сите тоа го знаат. Направете го тоа, расчистете ја суспензијава. За вас таа е мистична моќ. Можете да зборувате секакви глупости, ама не можете да делувате против неа. Значи, маглата е мистична моќ. Постојат уште многу други работи. Тоа е acintya-śakti. Дури и не можете да ги замислите. Но природата си има начин, сонцето изгрева и - маглата ја снемува. Завршена работа. Сонцето малку ја покачува температурата и сè е готово. Nīhāram iva bhāskaraḥ. Овој пример е даден во Bhāgavata. Nīhāra, ова се нарекува nīhāra. Како што nīhāra веднаш се разбива од bhāskara , од сонцето, така, ако успеете да ја разбудите вашата заспана посветеност, ќе ставите крај на сè, на сите реакции од грешните активности, сè ќе се заврши. Nīhāram iva bhāskaraḥ. Направете сонце...Пресметајте од што е составено, овој елемент, оној елемент. Создајте едно сонце и фрлете го. Само теории за иднината, блефирање и игри со зборови, тоа не е доволно.

Сварупа Дамодар: Затоа постои истражувањето. Истражување значи да се разбере нешто што порано не било познато.

Прабхупада: Да. Истражувањето значи дека признавате дека сите сте будали и неранимајковци. За кого се тие истражувања? За оние што не знаат. Инаку зошто би имало потреба од истражувања? Не знаете. Признавате. Постојат толку многу мистични моќи. Не знаете како функционираат. Затоа морате да ја прифатите несфатливата моќ. Без да го прифатите принципот на несфатлива моќ, не можете да го разберете Бога. Не како што оној Бала јогин станал Бог. Тоа се приказни за неранимајковци, за будали. Но оние што се интелигентни, тие ќе ја испитаат несфатливата моќ. Го прифаќаме Кришна како Бог - несфатлива моќ. Го прифаќаме Рама - несфатлива моќ. Не е тоа толку ефтино. Не може да дојде некој неранимајко и да рече: „Јас сум инкарнација на Бога“, а друг неранимајко да го прифати тоа. Не може само да се рече: „Рамакришна е Бог“. Тоа не го прифаќаме. Мора да ја видиме несфатливата мистична моќ. Како што Кришна, кога бил дете, кренал рид. Тоа е несфатлива мистична моќ. Рамачандра изградил камен мост без столбови. Камењата почнале да пловат по водата: Ете, тоа е несфатлива моќ. А бидејќи вие не можете да ја прифатите оваа несфатлива моќ, кога ви ја опишуваат, велите: „Ах, сè се тоа приказни“. Како ги нарекувате? Митологија. Но овие велики мудреци, Валмики и Вјасадев, како и другите ачарји, зарем тие би го губеле времето пишувајќи митови? Толку мудри и учени луѓе? Тие не го толкувале тоа како мит. Го прифатиле како вистински факт. Избувнал пожар во шумата. Сите пријатели на Кришна и сите говедарчиња се вознемириле. Сите се свртеле кон него: „Кришна, што да правиме?“ „Добро“, рекол Кришна и едноставно го проголтал огнот. Тоа е несфатлива мистична моќ. Тоа е Бог. Aiśvaryasya samagrasya vīryasya yaśasaḥ śriyaḥ (Viṣṇu Purāṇa 6.5.47). Тој што ги поседува во полна мерка овие шест раскоши. Тоа е Бог Дури и ние имаме несфатлива енергија или мистична моќ. Во многу мала количина. Толку многу работи се случуваат во нашето тело. Не можеме да ги објасниме. Еве еден пример. Ноктите ми растат токму во оваа форма. Иако телото е истрошено од болест, ноктите сепак растат. Не знам како работи оваа машинерија, но ноктот расте и точно се вклопува на своето место. Тоа е нешто што го создава моето тело. И тоа е мистична моќ. Дури и тоа е мистична моќ за мене, за докторите, за сите...Не можеме да си објасниме.