MK/Prabhupada 0121 - На крај излегува дека Кришна е тој што делува
Morning Walk At Cheviot Hills Golf Course -- May 17, 1973, Los Angeles
Кришна-канти: Лекарите се восхитуваат од сложената природа на човечкиот мозок.
Прабхупада: Да. Да.
Кришна-канти: Вчудовидени се.
Прабхупада: Сепак се неранимајковци. Не е мозокот тој што дејствува. Дејствува духовната душа. Истото се случува и со компјутерот. Никаквецот ќе помисли дека работи компјутерот. Не. Работи човекот. Тој ги притиска копчињата, затоа машината работи. Инаку, која е вредноста на таа машина? Можете да ја чувате илјадници години, пак нема да работи. Кога ќе дојде некој друг човек и ќе го притисне копчето, тогаш ќе проработи. Кој е тој што работи? Машината работи или човекот работи? Човекот е само уште еден вид машина. Делува само затоа што во него е присутен Параматма, Бог. Значи, на крајот излегува дека Бог делува. Мртов човек не може да работи. Колку долго човек останува жив? Само додека Параматма е присутна во него, додека атма е во него. Дури и ако атмата е во него, доколку Параматма не му дари интелигенција, тој не може да делува. Mattaḥ smṛtir jñānam apohanaṁ ca (БГ 15.15). Бог ми дава интелигенција: „Притисни го ова копче“. И јас го притискам. Значи, на крај излегува дека Кришна е тој што делува. Човек што не е обучен не може да дојде и да работи на компјутерот, зашто нема интелигенција. Само оној што е обучен може да работи. Така одат работите. На крајот сè зависи од Кришна. Она што го истражувате, она за што разговарате, тоа е повторно делување на Кришна. Кришна ви дава интелигенција. Вие сте Му се молеле за таа способност и Кришна ви ја дал. Понекогаш откривате дека експериментот, по некоја игра на случајот, ви успеал. Кога Кришна ве гледа колку се мачите со тој експеримент, вели: „Добро, нека успее“. Како што мајка Јасода се обидувала да го врзе Кришна, ама не успевала. Тоа било можно само кога Кришна ќе се согласел со тоа. Таа случајност значи дека Кришна ви помага: „Да, работевте многу напорно, ви го давам овој резултат“. Сè е Кришна. mattaḥ sarvaṁ pravartate (БГ 10.8). Тоа е објаснето. Mattaḥ smṛtir jñānam apohanaṁ ca (БГ 15.15). Сè произлегува од Кришна.
Сварупа Дамодар: Велат: “Кришна не ми ја даде точно постапката за експериментот.“
Прабхупада: Ви ја дава. Инаку како го правите тоа. Сè што правите е со милоста на Кришна. А ако сте му благодарни, Кришна ќе ви даде уште таленти. Кришна ќе ви даде способности, ќе ви биде наклонет, онолку колку што ќе посакате, не повеќе од тоа. Ye yathā māṁ prapadyante tāṁs tathaiva...Колку повеќе му се предавате на Кришна, толку повеќе интелигенција добивате. Ако потполно Му се предадете, ќе добиете потполна интелигенција. Тоа е кажано во Бхагавад-гита: Ye yathā māṁ prapadyante tāṁs tathaiva bhajāmy aham (БГ 4.11).