MK/Prabhupada 0125 - Општеството е толку загадено
Lecture on SB 1.5.23 -- Vrndavana, August 4, 1974
Луѓето што се на пониско ниво од шудрите, нив ги нарекуваме панчами, луѓе од петта класа. Прва класа се брахмани, втора класа - кшатрии, трета класа - ваишји, четврта класа - шудри, а сите други се петта класа. Тие се нарекуваат чандали. Тие се...чистачи, чевлари и слично...Ниска класа. Во Индија, само овие луѓе од петта класа јадеа месо, прасиња и понекогаш крави. Луѓето од петта класа. А тоа сега стана секојдневие. Го прават луѓе од прва класа. Гледате, она што порано го правеа луѓето од петта класа, сега го прават таканаречените политичари. Ме сфаќате. Ако ве водат луѓе од петта класа, како можете да бидете среќни? Тоа не е можно. Како може да има мир во општеството? Тоа не е можно. Но дури и човек од петта класа, и тој може да биде прочистен од движењето за свесност за Кришна. Затоа има голема потреба од ова движење. Зашто во денешно време нема луѓе од прва класа, дури ни од втора класа. Можеби има од трета, четврта, петта, шеста класа, тоа е сè. Но тие можат да се прочистат. Единствениот процес за тоа е движењето за свесност за Кришна. Секој може да се прочисти. Māṁ hi pārtha vyapāśritya ye 'pi syuḥ pāpa-yonayaḥ (БГ 9.32). Ги нарекуваат папа-јони, родени во ниска класа, во грешни семејства. Кришна вели: ye 'pi syuḥ pāpa-yonayaḥ. Не е битно ако е папа-јони. Māṁ hi pārtha vyapā...„Ако човек побара засолниште во Мене, ќе го добие, зашто претставникот на Кришна ќе му помогне во тоа“.
Овие претставници не се реткост. Човек треба само да побара засолниште во нив. Тоа е сè. Мисијата на Чаитанја Махапрабху била да создаде вакви помошници. „Одете насекаде“. Āmāra ājñāya guru hañā tāra' ei deśa (ЧЧ Мадја 7.128). „Одете“. Ги испраќал Нитјананда Прабху, Харидаса Тхакура и другите да помагаат. „Ве молам мантрајте Харе Кришна. Ве молам мантрајте Харе Кришна. Ве молам предајте му се на Кришна.“ Еднаш имало многу народ на улицата. Нитјананда Прабху и Харидаса Тхакура прашале: „Каква е оваа гужва?“ „Ах, не, тоа се само двајцата браќа, Џагаи и Мадхаи, ама прават многу проблеми“. Пијат, бркаат жени, јадат месо и секогаш прават проблеми“. Нитјананда Прабху веднаш решил: „Зошто да не ги спасам прво нив? Така ќе се прослави името на Мојот Господ. Така ќе се прослави името на Шри Чаитанја Махапрабху“. Тоа е работата на учениците, да го слават духовниот учител и ученичкиот след. Јас го славам мојот духовен учител, ти го славиш твојот. Ако го правиме тоа, го славиме Кришна. Така одлучил Нитјананда Прабху: „Зошто да не ги ослободам прво овие паднати души?“ Зашто Чаитанја Махапрабху се инкарнирал за да ги ослободи паднатите души. А во нашево време паднатите души не се малку.
- patita-pāvana-hetu tava avatāra
- mo sama patita prabhu nā pāibe āra
Наротама даса Тхакура клекнува пред лотосовите стапала на Шри Чаитанја Махапрабху, и вели: „Мил мој Господине, ти се инкарнираше за да ги спасиш сите овие паднати души. Но, јас сум најдолниот од нив. Затоа прв ќе побарам: Биди љубезен и ослободи ме.“ Mo sama patita prabhu nā pāibe āra. „Ти си решен да ги ослободиш паднатите. Јас сум најдолниот од нив. Те молам прими ме“.
Во Кали-југа луѓето страдаат. Сите се паднати, сите јадат месо, сите пијат, сите се луѓе од петта и од шеста класа. Секој е вообразен, а всушност припаѓа на петта, шеста, десетта класа, далеку е од господин-човек. Затоа мојот Гуру Махараџа велеше: „Господин-човек не може да живее овде. Општеството е толку загадено“. Но сепак, имате можност да Го служите Чаитанја Махапрабху. Бидејќи општеството е толку паднато, ви се дава добра прилика да Го служите Шри Чаитанја Махапрабху. Зашто Шри Чаитанја Махапрабху се инкарнирал за да ги спаси овие паднати души. Дадена ви е можност да Го служите, да го задоволите Шри Чаитанја Махапрабху, зашто тој сакал паднатите души да бидат ослободени. Кришна го сакал истото. Yadā yadā hi glānir bhavati bhārata, dharmasya glānir bhavati bhārata. Кришна се појавува...Работата на Бога е така да се појавува. Тој се грижи да ги ослободи сите тие неранимајковци што гнијат во овој материјален свет. Кришна секогаш се грижи. Се појавува Самиот. Се појавува како посветеник. Праќа свој вистински слуга, свој вистински син.
Тоа е грижа на Кришна, да ги ослободи сите овие паднати души. Затоа искористете ја приликата. Јогините патуваат низ целиот свет. Се одмараат само во сезоната на дождовите. Но, дури ни тогаш не го минуваат времето само во јадење и спиење. Не. За време на дождовите е тешко да се патува, тие четири месеци. Во текот на тие четири месеци, каде и да престојуваат, ако некој човек им служи, тој станува слободен. Нема проповедање. Со тоа што и` е дадена можност да служи, паднатата душа е спасена. Но мора да внимавате, не примајте служба без да вратите на некој начин. Инаку ќе одите во пеколот. Ако сте на духовно ниво, со тоа што ќе им дадете на другите мала можност да ве служат, тие ќе бидат спасени. Не зборуваме за разбирање на филозофијата. Посветеникот треба да биде совршен. Значи, кога ќе видите посветеник, клекнете и допрете му ги стапалата. Тоа е начинот. Зашто со допирање на неговите стапала...Mahat-pāda-rajo-'bhiṣekam. Ако некој е воздигнат на ниво на духовен живот, и ако луѓето ја искористат можноста да ги допрат неговите лотосови стапала, и тие ќе станат посветеници. Тоа е процесот.