MK/Prabhupada 0134 - Не убивај, а вие убивате
(Redirected from MK/Prabhupada 0134 - Не убивај, а вие убивате.)
Morning Walk -- October 4, 1975, Mauritius
Прабхупада: Христијанските свештеници ме прашуваат: „Зошто христијанството избледува? Каде згрешивме?" Јас им велам: „Каде не згрешивте?"
Чјавана: Да.
Прабхупада: „Уште од самиот почеток ги прекршивте наредбите на Исус Христ, „Не убивај," а вие убивате, само убивате. Така да, каде не згрешивте?
Посветеникот: Тие велат дека човекот треба да господари со животните. Тие треба...
Прабхупада: Затоа треба да ги убиваш и јадеш. Многу добра логика. „Таткото треба да господари со децата; така да децата може да се убијат и изедат." Какви никаквеци, а се претставуваат како религиски водачи.
Пуста Кришна: Прабхупада, ако во секој момент убиваме, додека дишеме, одиме и вршиме разни активности, а се вели: „Не убивај," зарем не ни дал Бог невозможно упатство?
Прабхупада: Не. Свесно не смееш. Но несвесно ако се случува, тоа е оправдано. (пауза) ...na punar baddhyate. Āhlādinī-śakti, тоа е моќта на задоволство. Моќта на задоволство не Му задава болка на Кришна. Но задава болка. Ни задава болка нам, условените души. „Златна Месечина" (име на бар?), сите одат таму заради задоволство, но таму човек се впушта во грешни активности. Затоа тоа не е задоволство. Ќе му зададе болка. Толку многу последици. Сексуалниот живот, дури и кога не е незаконски, сеуште предизвикува болка, последици. Ќе мора да се грижите за децата. Ќе мора да ги издржувате децата. Тоа задава болка. Мора да платите на болницата за породувањето, потоа школувањето, потоа сметки за лекар - толку многу болни последици. Значи ова задоволство, сексуално задоволство е пропратено со многу болни последици. Tāpa-karī. Истата моќ на задоволсво во мала мера се наоѓа и во живото суштество, веднаш штом ја злоупотреби, предизвикува болка. Истата моќ на задоволство се наоѓа во духовниот свет, кога Кришна танцува со гопиите таа не задава болка. Таа дава задоволство. (пауза) ...човек, ако јаде убави јадења предизвикува болка. Кога е болен, ако јаде...
Чјавана: Уште повеќе се разболува.
Прабхупада: Уште повеќе се разболува. Затоа овој живот е наменет за тапасја (строгости), не да прифаќаме сè - доброволно да се одрекуваме. Тогаш е добро.