MK/Prabhupada 0150 - Не треба да се откажеме од мантрањето



Lecture on SB 6.1.15 -- Denver, June 28, 1975

Athāpi te deva padāmbuja-dvayaṁ prasāda-leśānugṛhīta eva hi, jānāti tattvaṁ na cānya eko 'pi ciram vicinvan (SB 10.14.29). Оние на кои им е наклонет Кришна со својата беспричинска милост, тие можат да го спознаат Кришна. Другите: na cānya eko 'pi ciram vicinvan. Чирам значи долго време, многу години, ако шпекулираат само за тоа кој е Бог, или кој е Кришна, тој процес нема да ни помогне. Постојат полно Ведски изјави како таа:

ataḥ śrī-kṛṣṇa-nāmādi
na bhaved grāhyam indriyaiḥ
sevonmukhe hi jihvādau
svayam eva sphuraty adaḥ
(CC Madhya 17.136)

Кришна, Неговото име, Неговата слава, Неговите одлики, Неговите активности... Śrī-kṛṣṇa-nāmādi na bhaved... Намади значи: „Почнувајќи од светото име." Не е можно... Ако останеме на материјалното ниво, тогаш можеме да мантраме илјадници години, ќе биде тешко. Тоа се нарекува апарадха. Се разбира, светото име е толку моќно што дури и со навреди ако го мантра, човек постепено станува чист. Затоа не треба да се откажеме од мантрањето Харе Кришна. Но предупредувањето е дека доколку останеме на материјално ниво, тогаш не е можно да го спознаеме Кришна, Неговото свето име, Неговите одлики, Неговиот облик, Неговите активности. Не е можно. Процесот е бхакти. Кога ќе дојдете до нивото на спознание на Кришна, тогаш веднаш станувате достојни да бидете префрлени во духовниот свет. Тоа е... Кришна исто така вели во Бхагавад-гита, tyaktvā dehaṁ punar janma naiti mām eti (BG 4.9).