MK/Prabhupada 0167 - Во Божјите закони не може да постои несовршеност



Lecture on SB 6.1.8-13 -- New York, July 24, 1971

Човечките закони го земаат во обѕир само убиениот човек. Другиот човек, убиецот, мора да биде убиен. Зашто не ги земаат во обѕир животните. Животното е исто така живо суштество. Исто како што човекот е живо суштество. Ако имате закон дека оној кој убил човек мора да биде убиен, зашто да нема закон ако човек убие животно да биде исто така убиен? Која е смислата? Ова е законот создаден од луѓето, несовршен. Но во Божјите закони не може да постои несовршеност. Според Божјиот закон, ако убиењ животно, еднакво ќе бидеш казнет како да си убил човек. Тоа е Божјиот закон. Нема исклучок ако си убил човек ќе бидеш казнет, но ако си убил животно нема. Тоа е измислица. Тоа не е совршен закон. Совршен закон. Затоа Господ Исус Христос препорачува во Десетте Божји Заповеди: „Не убивај”. Тоа е совршен закон. Не прави разлика: „Јас нема да убивам луѓе, но ќе убивам животни”.

Постојат различни прочистувања. Според Ведскиот закон, ако некоја крава умре додека е врзана за вратот... Бидејќи кравата не е безбедна, на овој или оној начин умрела, а јажето и било околу вратот, сопственикот на кравата мора да се прочисти. Бидејќи се претпоставува дека кравата умрела поради тоа што била врзана со јаже, постои прочистување. Колку ли сме одговорни ако свесно убивате крави и многу други животни? Затоа денеска постојат војни, и човештвото е подложно да биде убивано во масовни масакри - тоа е законот на природата. Не можете да ја запрете војната и да убивате животни. Тоа не е возможно. Поради убивањето ќе има многу несреќи. Убивање на големо. Кога Кришна убива, Тој убива на големо. Кога јас убивам - убивам еден по еден. Но кога Кришна убива, ги собираат сите убијци и ги убиваат. Затоа постои прочистување во шастрите, Исто како што во вашата Библија има причестување, исповед, отплаќање некаква „казна”. Но по причестата, зашто луѓето ги прават истите грешни дела одново? Тоа треба да се разбере.