MK/Prabhupada 0176 - Кришна секогаш ќе биде со тебе ако го сакаш



Lecture on SB 1.8.45 -- Los Angeles, May 7, 1973

И ние сме ја добиле таа мистична моќ, но тоа не го знаеме. Таков пример е даден. Еленот има мирис на мошус во папокот и тој мирис е многу пријатен, а тој скока ваму и таму, тука и овде, насекаде. Каде е тој мирис? Тој не знае дека тој мирис е во неговиот папок. Мирисот е во него, но тој го бара: „Каде е, каде е ?“ Слично на тоа, ние во нас имаме толку многу заспани моќи. Само не сме свесни. Но, ако практикувате систем на мистична јога, некои од нив можете да ги развиете. Како што птиците летаат и ние можеме да летаме. Некогаш, посакуваме: „Кога би имал крила како гулаб...“, постои поезија, „Би можел, веднаш да одам“. Но, таа мистична моќ, постои во тебе, исто така. Ако ја развиеш низ практицирање на јога, можеш да леташ во воздух, исто така. Тоа е возможно. Има планета која се вика Сидхалока. Населението на Сидхалока е наречено...Сидхалока значи дека имаат толку многу мистични моќи. Ние се обидуваме да одиме на Месечевата планета со толку многу машини. Тие можат да летаат. Штом ќе посакаат, можат да тргнат. Мистични моќи има во секого, само треба да бидат развиени. „Parasya saktir vividhaiva sruyate“ (ЧЧ Мадја 13.65, purport). Имаме толку многу заспани моќи, Тоа треба да се развива. Исто, како Кришна. Да речеме, пред четири или пет години не знаеше, кој е Кришна. Со развивање, доаѓаш до сознание за Кришна, што е Бог, кој е нашиот однос. И човечкиот живот е наменет за вакво развивање, ме за потрага, каде е храната, каде е засолништето, каде е сексот. Тие веќе постојат тука. „Tasyaiva hetoh prayateta kovido na labhyate... “ (ШБ 1.5.18). Овие работи не се работа на наша истрага. Тие работи се веќе тука. Постои доволно дури и за птиците и ѕверовите. Но, тие постанале такви ништожници. Тие само размислуваат, каде е храната, каде е засолништето, каде е сексот, каде е одбраната. Тоа е заведена/погрешно водена цивилизација. Не постои прашање за тоа...Нема проблем околу тоа. Тие не гледаат дека животните немаат проблем, птиците немаат проблем. Зошто човечкото општество го има тој проблем? Тоа воопшто, не е проблем. Вистинскиот проблем е како да се прекине повторувањето на раѓањето, смртта, староста и болеста. Тоа е вистински проблем. Тој проблем е решен со Движењето за свесност на Кришна. Ако едноставно разбереме, што е Кришна: „Tyaktva deham punar janma naitityaktva deham punar janma naiti“ (БГ 4.9), нема повеќе материјално раѓање. Движењето за Свесност за Кришна е толку убаво, ако се спријателите со Кришна, тогаш можете да говорите со Кришна. Како што Јудиштира замолил: „Кришна, те молам милостиво, да останеш со нас, неколку дена“. И Кришна, не само неколку дена, Кришна ќе остане постојано со тебе, ако го сакате Кришна. Ви Благодарам многу.