MK/Prabhupada 0177 - Свесноста за Кришна е вечен факт



Lecture on SB 1.15.28 -- Los Angeles, December 6, 1973

И ние го имаме тој интимен однос. И кога ќе дојдеме до точка, да разбереме кој е нашиот интимен однос со Господ или Кришна, тоа се нарекува svarupa-siddhi, svarupa-siddhi. Svarupa-siddhi значи реализација на совршенство, svarupa-siddhi. И овде Сута Госвами вели: „Sauhardena gadhena, santa“. Ако се сретна, двајца стари пријатели, обајцата постануваат, многу радосни. Слично, ако се сретнат таткото и изгубеното дете и таткото станува радосен и детето станува радосно. Мажот и жената, кога се раздвоени, а повторно ќе се сретнат, тогаш обајцата постануваат многу радосни. Тоа е прилично природно. Господарот и слугата, ако повторно се сретнат и тие повторно постануваат многу радосни. И ние го имаме нашиот однос со Кришна, на толку многу начини, santa, dasya, sakhya, vatsalya, madhurya. Santa, santa значи неутрален, едноставно го сфаќаме Севишниот. Dasya значи еден чекор, нанапред. Како што, велиме: „Бог е голем“. Тоа е santa, да се почитува големината на Бог. Но, нема активности. Но, ако одиме напред: „Бог е голем. И јас служам, толку многу, друштво, пријателство, многу љубови, пси, мачки и толку многу ги сакам. Зошто, не ми дозволите да го сакам, најголемиот? Тоа се вика dasya. Едноставно, да се сфати дека Бог е голем е многу добро. Но, кога доброволно одите понатаму: „Сега, зошто да не го служам големиот?“ Исто како, кога од обична служба, тие кои се вклучени во службата, сакаат да се променат и да се воздигнат од пониско инфериорно служење во повисоко супериорно служење. Службата е тука. Но, посупериорна служба е некој, да добие служба, во Владата. Тој мисли, тоа е многу фино. Слично, како служиме, кога сакаме да го служиме големиот, тоа ќе ни даде мирен живот. Тоа е santa, dasya. И тогаш доаѓа служење со пријателство. Служба, господар и слуга кој го служи, но кога слугата ќе постане многу интимен, се развива пријателство. Тоа практично сум го видел во Калкута. Др.Босе, неговиот му бил најдобар пријател. Кога би седел во автомобил, тој би рекол, што му е на ум. И тој возач, му постанал интимен пријател. Само доверливи разговори со возачот. Тоа се случува. Ако слугата постане многу доверлив, тогаш господарот го разоткрива својот ум. Тој говори со него, што треба да се прави или да се направи. И тоа се вика, ниво на пријателство. И повторно, понатамошниот напредок...Исто како односот меѓу татко и син, мајка и син. Тоа се нарекува vatsalya и последно е брачна љубов. И на овој начин, ние сме поврзани на овој или оној начин. Во однос на почитувањето, како слуга, како пријател, со родителска склоност или како љубовник. И тоа мораме да го оживееме. И кога ќе го оживееш било кој однос од тие, интимност, тогаш постануваме среќни, затоа што тоа е вечно. Ист пример... Прстот, се додека е одвоен, не е среќен. И штом се спои, постанува среќен. Слично, ние го имаме нашиот вечен однос со Кришна. Сега сме одвоени, но што Му се придружиме, повторно постануваме, yenatma suprasidati. И затоа движењето за свесност за Кришна, дава добробит за сите, затоа обидете се да ја разбудите вашата оригинална свесност. Тоа веќе е таму, nitya-siddha krsna-bhakti. Нашата свесност за Кришна е вечен факт. Инаку, вие Европски, Американски момчиња и девојчиња, вие, пред три или четири години, не знаевте што е Кришна. Зошто сега сте толку приврзани за Кришна? Зошто сте толку врзани? Сем ако не сте приврзани за Кришна, не можете да го жртвувате вашето скапоцено време, во овој храм или во за проповедање на Кришнините слави. Развивте љубав за Кришна. Инаку, никој не е толку луд, да го троши своето време, не. Како е тоа можно. Личноста може да каже дека Кришна е Индиец, дека Кришна е Хинду. И зашто Христијаните се заинтересирани? Дали се тие Хинду? Не. Кришна не е Хинду, ни Муслиман, ни Христијан. Кришна е Кришна. И вие сте дел и честичка на Кришна. Ова разбирање - „Јас сум Хинду“, „Јас сум Муслиман“, „Јас сум Христијанин“, „Јас сум Американец“, „Јас сум Индиец“ - се се ова наименувања. Вусшност, Јас сум духовна душа, aham brahmasmi. И Кришна е врховниот Брахман: „Param brahma param dhama pavitram paramam bhavan“ (БГ 10.12). И затоа сакаме да имаме интимен однос со Кришна, тоа е вечен факт. Само, едноставно мораме да ја оживееме. „Sravanadi-suddha-citte karaye udaya“. Морамо тоа да го креираме. Исто како, кога младиот дечко сака да ја сака младата девојка и обратно. Тоа е природно. Тоа е природно. Но, кога повторно ќе се сретнат, тоа оживува. Не е дека се случува или се наметнува нешто ново. Тоа е таму присутно. Но, случајно или веќе како било, ако се сретнат, склоноста кон сакањето се зголемува. Љубовта се зголемува. И нашиот однос со Кришна, тоа е природно, тоа е неприродно. Nitya-siddha. Nitya-siddha значи дека е вечен факт. Само е прекриен. Прекриена е. Тој покривач мора да се тргне. Тогаш, ние веднаш сме во однос со Кришна, на природен начин. Тоа е совршенството на свесноста за Кришна.