MK/Prabhupada 0179 - Ние мора да работиме за доброто на Кришна
Lecture on SB 1.16.6 -- Los Angeles, January 3, 1974
Овие Мајавади филозофи можат многу да се издигнат со знаење, со шпекулација, но повторно ќе паднат. Зошто? Anadrta-yusmad-anghrayah: „Бидејќи не можеле да се засолнат кај Твоите лотосови стапала, затоа ќе паднат.“ Тоа не е безбедно бидејќи човекот не може без активности, без желби. Тоа не е возможно. Луѓето, животните, па дури и инсектите мора да прават нешто. Имам практично искуство. Еден од моите синови., кога бев млад, беше многу палав. И понекогаш го стававме на полицата. Не можеше да се спушти. Тој се чуствуваше толку непријатно што сите негови активности престанале, кога се наоѓал на таа полица. Не можете да ги стопирате активностите. Тоа е невозможно. Морате да дадете подобра активност. Тогаш ќе престанете. „Param drstva nivartate“ (БГ 2.59). И ова движење за свесност на Кришна, значи да добиете подобра активност. И тогаш можете да се откажете од пониски активности. Инаку, ако се обидете да ги негирате, тоа не е возможно. Мора да работиме. Мора да работиме за доброто на Кришна. Ќе одиме во Кришниниот храм или ќе ги продаваме Кришнините книги или ќе се состануваме се некој Кришнин бхакта. Тоа е убаво. Но, не можете да престанете да делувате. Тоа не е возможно. Тогаш вашиот невработен ум ќе стане ѓаволска работилница или играчка за ѓаволот. Да. Тогаш ќе паднете: „Како да ја добијам таа жена? Како да го добијам тој маж?“ Ако престанете да делувате, потоа ќе се вратите да делувате за сетилно уживање. Тоа е се. Слично на тоа, ако го земете било кое сетило, не можете да го стопирате во делувањето, но морате корисно да го употребите. Тоа е свесност за Кришна.