MK/Prabhupada 0181 - Ќе бидам интимно поврзан со Бога
Evening Darsana -- August 9, 1976, Tehran
Прабхупада: Духовниот тренинг значи дека пред се, морате да имате малку верба во изјавата: „Јас ќе бидам интимно поврзан со Господ“. Доколку, ја немате таа верба, нема ни говор за духовен тренинг. Ако едноставно останете задоволни: „Бог е голем, нека Тој остане во Својот дом, јас исто ќе останам во својот дом“, тоа не е љубов. Мора да бидете желни да го знаете Бог повеќе и поинтимно. Следната фаза е како да се дознае за Бог, ако не се дружиме со оние кои се едноставно преокупирани со Божјата работа. Тие немаат друга работа. Токму, како што ние ги тренираме луѓето кои се едноставно наменети за Божјата работа. Тие немаат друга работа. Едноставно на толку многу начини планираат како луѓето ќе разберат за Бог, како луѓето ќе извлечат добробит. Значи, мораме да се поврземе со такви личности кои се уверени за Бог и се обидуваат да го шират Неговото знаење, насекаде низ светот. Треба да се мешате со нив, да се дружите со нив. Пред се, морате да имате верба: „Во овој живот, темелно ќе разберам за Бог“. Потоа да се дружите со личности кои се преокупирани со Божјата работа. Тогаш ќе делувате, како што тие делуваат. Тогаш ќе биде готово со вашите заблуди за материјален живот. Тогаш ќе имате врзаност. Тогаш ќе имате вкус. На овој начин ќе ја развиете љубовта кон Бога. Али: Веќе имам верба. Прабхупада: Тоа треба да се зголеми. Едноставна, почетна верба, тоа е многу добро, но ако таа верба се повеќе не се зголемува, тогаш нема напредок. Паривраџакачарја: Има опасност од губиток на таа верба. Прабхупада: Да, ако не се обидете и постепено да напредувате, тогаш постои опасност, да и онаа мала верба која ја имате ќе се намали.