MK/Prabhupada 0182 - Останете во таа измиена состојба
Lecture on SB 2.3.15 -- Los Angeles, June 1, 1972
Една од користите, од слушањето за Кришна, личноста постанува безгрешна, само со слушање. Сем ако сме грешни, не доаѓаме во материјалниот свет. Значи, мораме да постанеме безгрешни, пред враќањето дома, назад кај Бога. Затоа што Божјото кралство...Бог е чист, кралството е чисто. Ниту едно, нечисто живо суштество не може да влезе таму. Значи, една личност мора да постане чиста. Тоа е, исто така, наведено во Бхагавад Гита. „Yesam anta-gatam papam“. „Оној кој е во потполност ослободен од сите грешни последици на својот живот“, yesam tv anta-gatam papam jananam punya-karmanam, „И секогаш вклучен во побожни активности, нема повеќе грешни активности“. Значи, ова движење за свесност за Кришна, значи дека откако личноста добие можност, да ги избрише сите грешни активности се одржува неизвалкан, без недозволен секс, без интоксикација, без јадење месо, без коцкање. Ако ги следиме овие регулативни принципи, после иницијацијата сите наши гревови, ќе бидат измиени. А ако се одржувам во состојба на измиеност, прочистеност, како тогаш можам да постанам грешен? Откога сте се измиле, кога ќе се избањате, ако повторно земете прашина и ја расфрлате по своето тело, тогаш процесот нема да ви помогне. Ако речете: „Јас повторно ќе се избањам и повторно ќе грлам прашина“, каква корист од бањањето? Исперете се. Еднас испрани, одржете се себеси во таа испрана состојба. Тоа е потребно. И тоа ќе биде возможно, ако сте постојано во контакт со Кришна, со слушање за Него. Тоа е се. Треба да останете неконтаминирани. А, тоа е: „Punya-sravana-kirtanah“. Ако, слушате за Кришна, тогаш punya, секогаш ќе бидете во побожна позиција. „Punya-sravana-kirtanah“. Или мантрајте... Затоа, нашата препорака е секогаш да мантрате Харе Кришна, Харе Кришна, Кришна Кришна, Харе Харе, Харе Рама, Харе Рама, Рама Рама, Харе Харе. Значи, мораме да бидеме внимателни да не се лизнеме повторно, во грешни активности. Секој треба да биде внимателен и да се стави себеси во процесот на мантрање. Тогаш ќе биде во ред. „So srnvatam sva-kathah krsnah punya-sravana-kirtanah“ (ШБ 1.2.17). И постепено, како продолжувате да слушате за Кришна, тогаш сите нечисти работи, внатре во срцето ќе бидат исчистени. Нечистите работи се: „Јас сум материјално тело, Јас сум Американец, Јас сум Индиец, Јас сум Хинду, Јас сум Муслиман, Јас сум ова, Јас сум она“. Тоа се се различни видови на прекривки надушата. Непокриената душа е во потполност свесна, дека: „Јас сум слуга на Бога“. Тоа е се. Личноста не се поистоветува со други работи. Тоа се нарекува mukti. Кога една личност ќе дојде на ниво на разбирање дека: „Јас сум вечен слуга на Кришна, Бог и мојата единствена работа е да Го служам“, тоа се нарекува mukti. Mukti не значи дека ќе имате уште две раце, две нозе. Не. Иста работа, само што е прочистена. Исто, како кога човекот страда од грозница. Има толку многу симптоми, но штом грозницата престане, сите симптоми престануваат. Значи, нашата, оваа треска во материјалниот свет е задоволувањето на сетилата. Задоволување на сетилата. Тоа е треска. Значи, кога ќе се ангажираме во свесноста за Кришна, оваа работа за задоволувањето на сетилата престанува. Тоа е разликата. Тоа е тест, како напредуваме во свесноста за Кришна.