MK/Prabhupada 0188 - Крајно решение на сите проблеми во животот



Lecture on SB 2.3.17 -- Los Angeles, July 12, 1969

Вишнуџана: Прабхупада, ти опиша дека Бог е причината, оригиналната причина и се додека никој не го знае Бог, како е можно луѓето да знаат како тие се контролирани? Како тие може да знаат како се контролирани иако никој не го знае Кришна и Тој е оригиналната причина? Како може тие да го знаат тоа дека од Кришна сите тие работи се случуваат?

Прабхупада: Како можете да знаете дека сте контролирани од државата? Како можете да знаете?

Вишнуџана: Државата има закон.

Прабхупада: Така и ние имаме закони. Anādi bahirmukha jīva kṛṣṇa bhuli gelā, ataeva kṛṣṇa veda-purāṇe karilā. Бидеќи вие сте го заборавиле Кришна, затоа Кришна ви дал многу книги, Ведската литература. Затоа јас нагласував, не си го трошите времето на читање бесмислена литература. Само концентрирајте го својот ум на оваа Ведска литература. Тогаш ќе знаете. Зошто овие книги се тука? Само да ве потсетат дека треба да живеете во согласност со законот. Но, ако не ги искористите, тогаш погрешно го користите својот живот. Ова проповедање, ова издавање на книги, списанија, Движењето за свесноста за Кришна, сè е да ве потсети дека ние сме контролирани, кој е врховниот контролор, како вашиот живот може да биде успешен, како можете да бидете ослободени од овој контролиран живот, како може да имате слободен живот. Тоа е Движењето. Тоа е целта на Движењето за свесноста за Кришна; инаку, што е целта на ова Движење? Тоа не е „изам“ само за да направи некакво привремено смирување. Тоа е крајно решение на сите проблеми во животот, ова Движење за свесноста за Кришна. А мантрањето е патот до срцето, каде вие ќе ја примите пораката. Ceto-darpaṇa-mārjanam (ЧЧ Антја 20.12), чистење на срцето. Потоа вие ќе бидете способни да ја примите пораката. Нашиот процес е многу научен, ополномоштен и ако некој почне да се занимава со него, тој ќе почне постепено да го разбира и ќе биде воздигнат. Нема сомневање во тоа.