MK/Prabhupada 0193 - Целото општество слуша од Овие Книги
Room Conversation with Professor Durckheim German Spiritual Writer -- June 19, 1974, Germany
Д-р П Ј Сахер: Би ве замолил да бидете љубезен да ја објасните својата техника на ... Еден го пее името на Бога, и ве молам ќе бидете ли толку љубезен што ќе објасните понатаму, на некој посебен начин, или што ќе дојде ... (Германски) Што треба да се направи во прилог на тоа или како е, како е формулирано тоа, во тој вкупен, во тој целосен систем на вашите поучни учења? Прабхупада: Да. Ова е бхакти-марга, значи, прво нешто е шраванам, слушање. Исто како што овие книги се напишани за да им дадат шанса на луѓето да слушнат. Тоа е прв бизнис. Ако не слушаме за Бога, ние едноставно измислуваме нешто. Не. Ние мора да слушаме за Бога. Објавуваме осумдесет книги како ова, едноставно за да слушаме за Бога. Потоа, кога ќе слушнете совршено, тогаш можете да им го опишете и на другите. Тоа се вика киртанам. Шраванам, киртанам. И кога процесот оди со слушање и пеење или опишување, киртанам значи опишување. Исто како и нашето, целото општество слуша од овие книги и тие одат надвор за да раскажуваат. Ова се вика киртана. Потоа со овие два процеси, слушање и пеење, вие се сеќавате, смаранам. Тоа значи дека сеќавајќи се, секогаш се дружите со Бога. Д-р .П Ј Сахер: Значи, во секое време, "Запомни Ме." Прабхупада: Да. Да. Śravaṇaṁ kīrtanaṁ viṣṇoḥ smaraṇaṁ pāda-sevanam (ШБ 7.5.23). Потоа обожавање на Божествата, да им принесувате цвеќиња на лотосовите стапала на Господ, да им се става венец, да се облекуваат, pāda-sevanam, arcanaṁ vandanam, понуда на молитви, dāsyam, служат. На овој начин, постојат девет различни процеси. Д-р ПЈ Сахер: Имаме слична работа во христијанството, паралелно со ... (Германски). Прабхупада: Да. Христијанска метода, понуда за молитва. Тоа е бхакти, тоа е бхакти. (Германски) Кали-Југа значи борба. Никој не е заинтересиран да ја разбере вистината, но едноставно ќе се борат. "Според мое мислење, ова." Велам: "Мое мислење, ова". Вие велите: "Неговото мислење". Толку многу глупави мислења и се бориме во себе. Ова е добата . Нема стандардно мислење. Секој има свое мислење. Затоа мора да има борби. Сите велат: " Јас мислам вака." Значи каква е вашата вредност, ваше размислување? Тоа е Кали-југа. Бидејќи немате стандардно знаење. Ако детето му вели на татко, "Според мое мислење, треба да правите вака." Дали тоа мислење треба да се преземе? Ако не знае нешто, како може да даде негово мислење? Но, овде, во оваа доба, секој е подготвен со свое мислење. Затоа е борба, карање. Исто како Обединетата нација, сите големи луѓе одат таму да станат обединети, но се зголемува бројот на знамињата. Тоа е се. Борба, тоа е општество на борба само. Пакистан, Хиндустан, Американец, Виетнам. Тоа беше наменето за единство, но се претвори во здружение за борба. Тоа е се. Сè. Бидејќи секој е несовршен, секој треба да го даде своето совршено знаење. Госпоѓа од Германија: Дали мислите дека Кали-Југа постојано постои? Прабхупада: Не. Ова е периодот кога будалестите луѓе се развија (пауза) ... наместо да се донесе решение, борбите се зголемуваат. Бидејќи тие немаат стандардно знаење. Затоа оваа Brahma-sūtra вели дека треба да бидете желни да се распрашате за Апсолутната Вистина. Athāto brahma jijñāsā. Сега одговорот, следниот цитат е, дека Брахман, или Апсолутната Вистина е она од што, или од Кого, сè дојде. Athāto brahma jijñāsā, janmādy asya yataḥ(ШБ 1.1.1). Сега ќе дознаете каде е ... Сите се обидуваат да дознаат што е крајната причина. Тоа треба да биде целта. Дека ако ги следите овие филозофски цитати тогаш вашите борби ќе престанат. Ќе бидете трезвени. Овој стих, исто така, Tattva jijñāsā. Tattva jijñāsā значи да се распрашува за Апсолутната Вистина. Седнете, бидејќи треба да има класа на луѓе, многу интелигентна класа на луѓе во општеството, кои дискутираат за Апсолутната Вистина и ќе ги известат другите: "Ова е Апсолутна Вистина, драги пријатели, драги мои ..." Го правиш вака. Тоа се бара. Но, тука сите се апсолутна вистина. Тоа е борба.