MK/Prabhupada 0194 - Ова се идеални луѓе



Lecture on SB 7.6.4 -- Toronto, June 20, 1976

Ние мораме да следиме śāstra-vidhi, што значи, ова е вистински напредок на цивилизацијата. Бидејќи од еден живот до друг, го забораваме нашиот однос со Бога, и ова е единствената можност, човечка форма на живот, со која можеме да го оживееме нашиот однос со Бога. Во Caitanya-caritāmṛta се вели дека: anādi bahir-mukha jīva kṛṣṇa bhuli 'gelā ataeva kṛṣṇa veda-purāṇa karilā. Зошто овие Веди, Пураните таму се? Особено во Индија, имаме толку многу ведска литература. Прво, четирите Веди - Сама, Јаџур, Риг, Атхарва. Потоа, нивната суштинска филозофија, Веданта-сутра. Потоа објаснувањето на Веданта, Пураните. Пурани значи дополнителна. Обичните луѓе, тие не можат да го разберат ведскиот јазик. Затоа, од историски референци, овие ведски принципи се изучуваат. Тие се викаат Пурани. А Шримад-Бхагаватам се нарекува Маха-пурана. Тоа е беспрекорна Пурана, Шримад-Бхагаватам, бидејќи во другите Пурани има материјални активности, но во оваа Маха-пурана, Шримад-Бхагаватам, само духовни активности. Тоа се бара. Шримад-Бхагаватам е напишан од Вјасадева следејќи ги упатствата на Нарада. Mahā-purāṇa. Треба да го искористиме тоа. Толку многу вредна литература. Човечкиот живот е наменет за тоа. Зошто го занемарувате? Нашиот, нашиот обид е, ова движење за свесност за Кришна е како да го шириме ова знаење од Ведите и од Пураните, така што човекот може да го искористи тоа и да го направи својот живот успешен. Инаку, ако тој едноставно напорно работи, дење и ноќе, како свиња ... Свињата деноноќно работи многу напорно за да дознае „Каде е изметот? Каде е изметот?“ И по јадење измет, веднаш штом малку ќе се здебели ... Затоа свињите се дебели, затоа што изметот ја содржи целата суштина од храната. Според медицинската наука, изметот е полн со хидрофосфати. Значи, хидрофосфатот е добар тоник. Може да се обидете, ако сакате. (смеа) Но всушност ова е факт. Свињата станува многу дебела поради изметот. Значи овој живот не е наменет да се стане свиња или крмак. Треба да се стане светец. Тоа е човечка цивилизација. Затоа, во ведската цивилизација - брахмана, првокласни луѓе. Во ова општество сега нема првокласни луѓе. Секој е трета класа, четврта класа, петта класа. Satya-śama-dama-titkṣa ārjava jñānaṁ-vijñānam āstikyaṁ brahma-karma svabhāva-jam(БГ18.42). Ова е првокласен човек. Вистинољубив, многу мирољубив, полн со знаење, многу едноставен, толерантен и да верува во шастрите. Ова се симптоми на првокласни луѓе. Каде е тој првокласен човек во целиот свет? (пауза) ... движењето за свеста на Кришна се обидува да создаде барем еден дел, првокласни луѓе, за да можат луѓето да видат: „О, тука се идеалните луѓе". Според тоа, моето барање до лицата кои се приклучија на ова движење за свесноста на Кришна, тие треба внимателно да ги чуваат како првокласни луѓе. Луѓето ќе ги ценат и ќе се обидат да ги следат. Yad yad ācarati śreṣṭhas tat tad evetaro janaḥ (БГ 3.21). Ако постои класа на луѓе, прва класа, тогаш луѓето ќе ги ценат. Во најмала рака, тие ќе се обидат да ги следат, иако (тие) не се во можност да станат прва класа. Тие ќе се обидат да ги следат. Tat tad eva, sa yat pramāṇaṁ kurute lokas tad anuvartate. Се бара прва класа човек. Ако тој дејствува, тогаш другите ќе го следат. Ако наставникот не пуши, учениците, исто така, природно ќе престанат да пушат. Но, ако наставникот пуши, како учениците ...? Тие исто така пушат на час. Сум видел во Њујорк. Ова сеуште не е започнато во Индија . Ќе започне. Бидејќи тие исто така прават напредок. (смеа) Овие неранимајковци напредуваат, одат во пеколот. (смеа) Прахлада Махараџа советува, не трошете го своето скапоцено време во т.н. економски развој и бесмислени активности. Обидете се да станете посветеник на Мукунда. Тогаш вашиот живот ќе стане успешен.