MK/Prabhupada 0197 - Мора да ја претставите Бхагавад-гита каква што е
Lecture on SB 5.5.30 -- Vrndavana, November 17, 1976
Ако го дадете најдобро од себе, Кришна ќе ви даде сила. Кришна секогаш е подготвен да ви помогне, ако сакате да ја примите неговата помош. Тој е подготвен. Тој е дојден да ви помогне. Инаку, каква е потребата за доаѓањето на Кришна тука и за убедување , sarva-dharmān parityajya mām ekam (БГ 18.66)? Тоа е во наш интерес. Да му се предадеш на Кришна или не, не му е важно на Кришна. Кришна не е зависен од твојата служба. Тој е сосема совршен. Тој може да создаде милиони слуги како тебе во еден миг. Зошто Тој ја бара вашата служба? Зошто Тој треба да моли за вашата служба? Неговата служба не страда поради потребата од вас. Но, тоа е за ваш интерес да му се предадете. Тоа е за ваш интерес. Кришна сака да види дека му се предавате, да станете совршени и да се вратите дома, назад кај Бога. Тоа е мисијата на Кришна. Ова движење за свеста за Кришна има иста мисија: да подучува. Dante nidhāya tṛṇakaṁ padayor nipatya kāku-śatam kṛtvā cāhaṁ bravīmi he sādhavaḥ sakalam eva vihāya dūrād caitanya-candra-caraṇe kurutānurāgam Ова е нашата мисија, мисијата на Чаитанја Махапрабху. Зошто Прабодананда Сарасвати бара, кcaitanya-candra-caraṇe kurutānurāgam: „Едноставно развивајте склоност да им служите на лотосовите стапала на Кришна.“ Бидејќи Тој лично е Кришна, и Тој е дојден да нè научи како да му се пријде на Кришна. Тоа е Чаитанја. Kṛṣṇaya kṛṣṇa-caitanya-namne gaura-tviṣe namaḥ. Шрила Рупа Госвами разбра. Сарвабхама Бхатачарја разбра. vairāgya vidyā-nija-bhakti-yoga- śikṣārtham ekaḥ puruṣaḥ purāṇaḥ śrī-kṛṣṇa-caitanya-śarīra-dhārī kṛpāmbudhir yas tam ahaṁ prapadye (ЧЧ Мадхја 6.254) Ако го разбереме Кришна преку Чаитанја Махапрабху ... Чаитанја Махапрабху вели дека „стануваш гуру". Како? Yāre dekha, tāre kaha 'kṛṣṇa'-upadeśa (ЧЧ Madhya 7.128). Не менувајте, не менувајте. Вие едноставно обидете се да проповедате за она што го кажа Кришна. Ова е инструкцијата на Чаитанја Махапрабху. Ако ја следите оваа инструкција ... Не правете никакво дополнување и менување со вашето таканаречено академско знаење. Тоа нема да ви помогне. Мора да ја претставите Бхагавад-гита каква што е. Yāre dekha, tāre kaha 'kriṣṇa'-upadeśa. Постои сè, многу лесно направено, под услов да го следиме системот на парампара. Движењето за свесност на Кришна треба да се турка многу понизно. tṛṇād api sunīcena taror api sahiṣṇunā amāninā mānadena kīrtanīyaḥ sadā hariḥ(ЧЧ Ади 17,31) Киртанија. Ова проповедање значи киртана, не само со мриданга да имаме музичка киртана. Не. Проповедањето е, исто така, киртана. Abhavad vaiyāsaki-kirtaan. Ваијасаки, син на Вјасадева, Шукадева Госвами, тој едноставно го опишал Шримад-Бхагаватам и станал совршен. Abhavad vaiyāsaki-kirtaan. Śrī-viṣṇu-śravaṇe parīkṣit. Парикшит Махараџа едноставно слушаше; тој стана совршен. И Шукадева Госвами едноставно го опиша. Тоа е исто така, киртана. Ова е исто така киртана. Како што нѐ поучува Прабодананда Сарасвати, he sādhavaḥ sakalam eva vihāya dūrād caitanya-candra-caraṇe kurutānurāgam: „Вие сте садху, најдобрата личност, благородна, но ова е моето барање". Ова е понизност . Ако кажете: „Ох, вие сте карми, вие сте мудха ..." Всушност, тој е mūḍha, но не ... На почетокот, ако кажете, тогаш нема да имате можност да зборувате. Тој е мудха, дека нема ... Работи како свињите и кучињата, дење и ноќе, за да ги задоволи сетилата, сигурно дека е мудха, карми. Слично, гјаните, тие едноставно шпекулираат. Логиката, kākā-taliya nyāya: „Без разлика дали гавранот слетал на палмата, па палмата паднала? Или палмата паднала; Затоа гавранот не можел да слета на палмата?" Логика. Еден пандита рече: „Не, не. Пред се, палмата падна, гавранот сакаше да слета, но не можеше." Сега друг пандита рече: „Не, не, палмата беше таму и затоа што гавранот слета, таа падна." Сега ова е логика. Тие го губат време шпекулирајќи. Kākā-taliya nyāya. Kupa-manduka-nyāya.