MK/Prabhupada 0198 - Откажете се од лошите навики и мантрајте Харе Кришна на бројаницава



Temple Press Conference -- August 5, 1971, London

Водителката: Колку следбеници имате низ цел свет, можете ли да ги изброите?

Прабхупада: Една многу вредна работа може да има малку следбеници, а нешто сосема невредно да има многу следбеници.

Водителката: Колку иницирани следбеници имате, луѓе што имаат...

Прабхупада: Околу три илјади.

Водителката: Дали нивниот број расте цело време?

Прабхупада: Да, но многу бавно. Затоа што имаме многу ограничувања. Луѓето не сакаат никакви ограничувања.

Водителката: Каде имате најмногу следбеници? Во Америка?

Прабхупада: Во Америка, во Европа, Канада, Јапонија, Австралија. А во Индија има милиони и милиони следбеници на овој култ. Но, надвор од Индија, во другите земји, ги има малку. Во Индија се милиони и милиони.

Водителот: Дали мислите дека вашето движење е единствениот начин за спознавање на Бога?

Прабхупада: Молам?

Посветеник: Дали мислите дека ова движење е единствениот начин за спознавање на Бога?

Прабхупада: Да.

Водителот: Од каде ви е ваквата убеденост?

Прабхупада: Од разни извори, од Бога, од Кришна. Кришна вели: sarva-dharmān parityajya mām ekaṁ śaraṇaṁ vraja (БГ 18.66).

Водителот: Но, ако некој друг рече дека Бог му рекол нешто друго, дали би му верувале?

Шјамасундара: Ние прифаќаме и други религиозни процеси.

Прабхупада: Им веруваме и на другите процеси. Да го споредиме тоа со скали. Ако сакате да стигнете до најгорниот спрат, се качувате по скали. Некои од нас имаат поминато педесет скали, некои сто скали, но за да го завршиме качувањето, потребни се илјада скали.

Водителот: А, вие ги имате искачено сите илјада скали?

Прабхупада: Да.

Водителката: Ако некој од нас утрово сака да стане следбеник, дали треба нешто да даде, или од нешто да се откаже?

Прабхупада: Прво треба да се откаже од незаконски сексуален живот.

Водителката: Дали тоа значи од секаков сексуален живот или...?

Прабхупада: А?

Водителката: Што значи незаконски?

Прабхупада: Незаконски...без брак, без никаква поврзаност, тоа е неприфатлив сексуален живот.

Водителката: Значи сексот е прифатлив во брак, но не и надвор од бракот.

Прабхупада: Се` друго е животински секс. Како животните, тие не се во врска, а имаат сексуален живот. Но во човечкото општество има ограничувања. Во секоја земја, во секоја религија постои систем на брак. Без брак, сексуалниот живот е неприфатлив.

Водителката: Но сексот е дозволен во рамките на бракот.

Прабхупада: Да...

Водителката: Од што друго треба човек да се откаже?

Прабхупада: Од сите видови опојни средства.

Водителката: Од дрога и алкохол?

Прабхупада: Од сите средства што опиваат.

Шјамасундара: Дури и чај и... Прабхупада: Дури и чај и цигари. Тие исто опиваат.

Водителката: Значи, тоа вклучува алкохол, марихуана, чај. Има ли уште нешто?

Прабхупада: Да, треба да се откажете од сите видови храна од животинско потекло. Месо, јајца, риба и слично. Исто така треба да се откажете од коцкање.

Водителката: Дали треба да го напуштиме и семејството? Мислам, сите живеат во храмот, нели?

Прабхупада: Да, ако не се откажете од овие грешни активности, не можете да добиете иницијација.

Водителката: Значи, треба да се откажеме и од семејството?

Прабхупада: Од семејството?

Водителката: Да.

Прабхупада: Не се грижиме за семејството, се грижиме за човекот. Ако сакате да добиете иницијација во движењето за свесност за Кришна, треба да се откажете од сите овие грешни активности.

Водителката: Значи, се откажувате и од семејството.

Шјамасундара: Не, не морате да се откажете од своето семејство.

Водителката: Но да претпоставиме дека сакам да добијам иницијација. Зарем не треба да дојдам да живеам овде?

Шјамасундара: Не.

Прабхупада: Не е неопходно.

Водителката: Можам да останам дома?

Прабхупада: Ох, да.

Водителката: А работата? Дали човек треба да се откаже и од работата?

Прабхупада: Треба да се откажете од лошите навики и да мантрате Харе Кришна на оваа бројаница. Тоа е се.

Водителката: Дали треба да давам финансиски прилози?

Прабхупада: Не, тоа е оставено на вашата желба. Ако ни дадете нешто, во ред, ако не, не ни пречи.

Водителката: Извинете, не ве разбрав.

Прабхупада: Не бараме ништо, не зависиме од ничии парични прилози. Зависиме само од Бога, од Кришна.

Водителката: Значи, не мора да давам пари.

Прабхупада: Не.

Водителката: Дали е тоа една од најбитните работи по која вистинскиот гуру се разликува од лажниот?

Прабхупада: Да. Вистинскиот гуру не е бизнисмен.