MK/Prabhupada 0209 - Како да се Вратиме Дома, Назад Кај Севишната Божја Личност



Lecture on SB 6.1.16 -- Denver, June 29, 1975

Човечкиот живот е наменет за ова прочистување. Работиме многу напорно за да си го заслужиме леб наш насушен. Луѓето не го добиваат лебот седејќи само. Тоа не е можно. Работат многу напорно. Овој убав град Денвер е таму. Не изникна од џунглата или пустината. Луѓето требааа да се работат многу напорно за да го направат овој град толку убав, совршено исправен. Значи мора да работиме. Ако сакаме среќа, тогаш мора да работиме. Нема сомнеж за тоа. Но, Кришна вели дека jānti deva-vratā devān (БГ 9.25). Некој работи да стане среќен во оваа материјална атмосфера, со тоа што ќе стане многу голем човек во овој свет, или малку поинтелигентните, тие не се среќни во овој живот, но сакаат да станат среќни во следниот живот. Понекогаш тие одат на повисок планетарен систем. yānti deva-vratā devān pitṛn yānti pitṛ-vratāḥ (БГ 9.25). Додека работите, го добивате посакуваниот резултат. Но, во последниот ред, Кришна вели: mad-yājino'pi yānti mām: „Ако работиш или ако Ме обожуваш Мене, тогаш ќе дојдеш кај Мене“. Тогаш, каде е разликата помеѓу одењето кај Кришна и опстојувањето во овој материјален свет? Разликата е ābrahma-bhuvanāl lokāḥ punar āvartino 'rjuna(БГ 8.16). Во овој материјален свет, дури и ако одите на највисоката планета, Брахмалока, сепак, има раѓање, смрт, старост и болест. Или пак треба да се вратите назад. Исто како што оние луѓе одат на Месечината и повторно се враќаат овде. Ваквото одење и враќање овде не е добро. Yad gatvā na nivartante (БГ 15.6). Ако одите на таква планета од која не треба повторно да се враќате во овој материјален свет, тоа е највисоко совршенство. Тоа е Кришналока.

Кришна вели: „Ако работите толку напорно за да бидете среќни во овој материјален свет, со истиот труд, ако Ме обожуваш Мене, Кришна, тогаш доаѓаш кај Мене“. Mad-yājino 'pi yānti mām. Која е посебната придобивка? Mām upetya kaunteya duḥkhālayam aśāśvatam napnuvanti:(БГ 8.15) „Секој што доаѓа кај Мене, тој не мора повторно да се врати во овој материјален свет“. Нашето движење за свесност за Кришна ги учи луѓето како да се вратат дома, назад кон Бога, Кришна. Тоа ќе ги направи луѓето вечно среќни. И во овој живот, луѓето свесни за Кришна, тие не се несреќни. Можете да видите практично. Седиме во многу убава просторија и пееме Харе Кришна и земаме прасадам. Каде е несреќата? Нема несреќа. А за другите процеси, за нив тие треба да претрпат толку многу незгодни процедури. Овде, во свесноста за Кришна, нема несреќа. Тоа е наведено во Бхагавад-гита: susukham kartum avyayam (БГ 9.2). Сусухам. Кога извршувате побожна служба, тоа не е само сукхам - сукхам значи среќа- но се додава уште еден збор, сусукхам, „многу удобно, многу среќно“. Картум, да се изврши побожна служба, е големо задоволство, голема среќа. И авјајам. Авјајам значи што и да правите, тоа е ваше трајно богатство. Други работи, тие може да се завршат. Да претпоставиме дека сте многу напредно образована личност. Имате положено магистратура, докторат или нешто слично. Но, тоа не е avyayam; тоа е вјајам. Вјајам значи дека може да заврши. Штом вашето тело е завршено, вашето таканаречено образование е завршено. Потоа, повторно следен живот, ако станеш човек... Се разбира, повторно има можност да станеш магистар, доктор, но првиот магистар, доктор, во овој живот, тоа е завршено.

Значи, што и да стекнуваме овде, тоа не е авјајам. Вјајам значи потрошено, а „а“ значи „не“, авјајам, непотрошено. Ако имате пари, ако ги потрошите, тогаш тоа е vyayam, потрошени по некое време. Avyayam значи дека трошите многу и сè уште не се потрошени. Тоа е авјајам. Така, посветената служба за Кришна е објаснета како susukhaṁ kartum avyayam. Што и да правите, ако сте постигнале успех десет проценти, тие десет проценти се постојани. Затоа е наведено во Bhagavad-gītā, śucīnāṁ śrīmatāṁ gehe yoga-bhraṣṭo sanjāyate (БГ 6.41). Оние кои не можат да ја завршат бхакти-јогата во овој живот, добиваат уште една шанса за човечки живот. Не само човечкиот живот, се наведува, дека одат на рајската планета, таму уживаат, а потоа повторно се враќаат на оваа планета. И тоа не како обични луѓе. Śucīnāṁ śrīmatāṁ gehe: се раѓааат во многу посветено семејство, како брахмана-ваишнава, Śucīnāṁ и śrīmatāṁ, во многу богато семејство. Тогаш тоа е невна должност. Така оние кои се родени богати ... Вие Американците, се претпоставува дека сте родени богати. Всушност тоа е така. Значи, во овој контекст треба да мислите дека „Поради нашата претходна побожна служба, со милоста на Кришна се родивме во оваа земја. Нема сиромаштија“, Шриматам. Затоа, треба многу сериозно да ја сфатите свесноста за Кришна. Имате можност. Не сте сиромашни. Не треба да си го губите времето, "Каде е храната? Каде е храната? Каде е храната?" Како во некои сиромашни земји, луѓето се чудат каде да најдат храна. Но, вие сте многу среќни, затоа не ја губете оваа можност со тоа што ќе станете хипици. Не трошете. Станете посветеници, посветеници на Кришна. Движењето за свесноста за Кришна е тука, а ние имаме многу центри. Само обидете се да ја научите оваа наука за свесноста за Кришна и да го направите вашиот живот совршен. Тоа е нашето барање.

Ви благодарам многу.