MK/Prabhupada 0210 - Целата Бхакти-Марга (Патот за Девоциско Служење)Зависи од Милоста на Господ



Lecture on SB 1.15.30 -- Los Angeles, December 8, 1973

Aко сакате да ја разберете Бхагавад-гита, тогаш мора да ја разберете на ист начин како и личноста која директно ја слушнала. Ова се нарекува парампара систем. Да претпоставиме дека сум слушнал нешто од мојот духовен учител, па истото ви го кажувам. Значи, ова е парампара систем. Не можете да замислите што рекол мојот духовен учител. Или дури и да прочиташ некои книги, не можеш да ги разбереш, освен ако не го разбереш тоа од мене. Ова се нарекува парампара систем. Не можете да дојдете директно до супериорен гуру, сакам да кажам, занемарувајќи го претходниот ачарја, ачарја кое е непосредно до него во ученичкото наследство . Исто како нашиот, овој Гау..., култот на Чаитнја Махапрабху; не можеме директно да го разбереме Чаитанја Махапрабху. Тоа е невозможно. Мораме да го разбереме преку Госвамиите. Затоа, ќе најдете во Caitanya-caritāmṛta како на крајот од секое поглавје, писателот вели: rūpa-ragunātha-pade... Што е тоа? Кришнадаса.

Rūpa-ragunātha-pade sada jara āśa
caitanya-caritāmṛta kahe kṛṣṇa-dāsa

Ова е процесот. Тој не вели дека „директно го разбрав Господ Чаитанја Махапрабху“. Не. Тоа не е разбирање. Тоа е глупост. Не можете да разберете кој е Чаитанја Махапрабху. Затоа тој постојано вели, rūpa-ragunātha-pade sada yāra āśa caitanya-caritāmṛta kahe kṛṣṇa-dāsa. „Јас сум тој Кришна даса, Кавираја, кој секогаш е потчинет на Госвамиите“. Ова е парампара систем. Слично, Нароттама даса Ṭхакура исто така вели, ei chay gosāi jār tār mui dās, „Јас сум слуга на онаа личност која ги прифаќа овие Шест Госвамии за свој господар. Јас нема да бидам слуга на ниту еден друг човек кој не ги прифаќа начините и средствата за...“ Затоа велиме, или му ја принесуваме нашата молитва на нашиот духовен учител, rūpānuga-varāya te, rūpānuga-varāya te, бидејќи тој го следи Rūpa Gosvāmī, затоа прифаќаме духовен учител. Не дека некој стана повеќе од Rūpa Gosvāmī или повеќе од... Не. Tāṅdera caraṇa-sebi-bhakta-sane vās. Ова е парампара системот.

Сега овде, истото се повторува: Арџуна, кој директно слушна од Кришна. Понекогаш, некои луѓе велат - лудо е - дека „Арјуна слушнал директно од Кришна, но ние не го гледаме Кришна во наше присуство, па како да прифатаме?“ Не станува збор за директно присуство, бидејќи немаш поим за апсолутното знаење. Зборовите на Кришна, Бхагавад-гита, не се разликуваат од Кришна. Тие не се разликуваат од Кришна. Кога слушате Бхагавад-гита, директно слушате од Кришна затоа што Кришна не е различен. Кришна е апсолутен. Кришна, името на Кришна, обликот на Кришна, особините на Кришна, инструкциите на Кришна, сè што е Кришна, сите тие се Кришна. Сите тие се Кришна. Ова треба да се разбере. Тие не се разликуваат од Кришна. Затоа, обликот на Кришна овде, Тој е Кришна. Тој не е статуа. „Тој е мермерна статуа“. Не. Тој е Кришна. Тој се појави пред вас затоа што не можете да го видите Кришна. Можете да видите камен, дрво; затоа Тој се појавил во тој облик. Мислите дека тоа е камен и дрво, но Тој не е камен и дрво; Тој е Кришна. Ова се нарекува Апсолутна вистина. Слично, зборовите на Кришна исто така не се разликуваат од Кришна. Кога зборовите на Кришна се таму во Бхагавад-гита, тоа е Кришна.

Исто како јужно-индискиот брахмана. Штом ја отвори својата... Беше неписмен, не знаеше да чита Бхагавад-гита. Но, неговиот Гуру Махараџа му рекол „Секој ден ќе читаш осумнаесет поглавја од Бхагавад-гита“. Тој беше збунет: „Јас сум неписмен, не можам... Во ред, дајте ми..., Бхагавад-гита“. Тој беше во храмот Ранганатха. Ја зеде Бхагавад-гита и си отиде. Не знаеше да чита. Неговите пријатели кои го познаваа, се шегуваа: „Па, брахмана, како ја читаш Бхагавад-гита?“ Не одговори затоа што знаеше дека пријателите му се потсмеваат, затоа што „не знам... неписмен сум“. Но, кога дојде Чаитанја Махапрабху, тој исто така беше збунет: „Брахмана, ја читаш ли Бхагавад-гита?“ Тој рече: „Господине, јас сум неписмен, не знам да читам, не е можно. Но, мојот Гуру Махараџа ми нареди да читам. Што можам да направам? Ја зедов оваа книга“. Ова е верен следбеник на зборот на гуруто. Тој е неписмен. Тој не може да чита. Нема можност. Но, неговиот Гуру Махараџа наредил: „Мораш да читаш Бхагавад-гита дневно, осумнаесет поглавја“. Сега што е ова? Ова се нарекува vyavasāyātmikā buddhiḥ. Можеби сум прилично нецелосен. Не е важно. Но, ако се обидам да ги следам зборовите на мојот Гуру Махараџа, тогаш станувам комплетен.

Ова е тајната. Yasya deve parā bhaktir yathā deve tathā gurau (ШУ 6.23). Ако некој има силна вера во Врховната Божја Личност и исто толку вера во гуруто, yathā deve tathā gurau, тогаш откриените списи се покажуваат. Тоа не е образованието. Тоа не е стипендијата. Тоа е вера во Кришна и гуру. Затоа Чаитанја-чаритамрита вели guru-kṛṣṇa-kṛpāya pāya bhakti-latā-bīja (ЧЧ Мадја CC Madhya 19.151). Не по образование, не по стипендија, никогаш не кажува. Чаитанја Махапрабху вели, guru-kṛṣṇa-kṛpāya, со милоста на гуруто, со милоста на Кришна. Тоа е прашање на милост. Не станува збор за стипендија или раскош или богатство. Не. Целата бхакти-марга зависи од милоста на Господ. Затоа мораме да бараме милост. Athāpi te deva padāmbuja-dvaya-prasāda-leśānugṛhīta eva hi, jānāti tattvam... (ШБ 10.14.29). Prasāda-leśa, leśa значи дел. Оној кој примил мал дел од милоста на Севишниот, тој може да разбере. Другите, na cānya eko 'pi ciraṁ vicinvan. Другите, тие можат да продолжат да шпекулираат милиони години. Не е можно да се разбере. Бхагавад-гита каква што е,, затоа ви ја претставуваме, затоа што ја претставуваме Бхагавад-гита онака како што ја разбра Арџуна. Ние не одиме кај д-р Радакришнан, овој научник, тој научник, овој развратник, тој ра... Не. Ние не одиме. Тоа не е наша работа. Тоа е парампара.