MK/Prabhupada 0212 - Научно докажано, постои живот после смртта
Garden Conversation -- June 10, 1976, Los Angeles
Прабхупада: Во модерното школство тие не можат да разберат дека ова постојано раѓање, смрт, старост и болест е вознемирување. Тие не го разбираат тоа. Зошто го прифатија? Го прифатија мислејќи дека нема друг начин. Но ако постои начин да се запре, зошто не го прифаќаат? Каква е вредноста на ова образование? Тие не можат да направат разлика помеѓу добро и лошо. Никој не ја сака смртта, но смртта доаѓа. Никој не сака да остари, но староста доаѓа. Зошто ги ставаат на страна овие големи проблеми а се гордеат со научниот напредок во знаењето? Какво е ова образование? Ако не можат да направат разлика помеѓу добро и лошо, тогаш каков ќе биде резултатот од таквото образование? Образованието мора да му овозможи на човек да прави разлика помеѓу добро и лошо. Но тие не можат, иако знаат дека смртта не е добра, зошто не се трудат да најдат начин како да ја сопрат? Каков напредок е тоа? Многу се горди на напредокот на науката. Каков напредок е тоа? Не можете да ја сопрете смртта. Не можете да го сопрете стареењето. Создавате напредни лекови, но зошто не ја сопрете болеста? Земи го ова апче и нема да имаш повеќе болести. Каде е таа наука?
Налиникантха: Тие велат дека работат на тоа.
Прабхупада: Тоа е друг вид на будалаштина. Залажување.
Гопавриндапала: Исто како што велиме дека свесноста за Кришна е постепен процес, тие исто така велат дека нивниот научен напредок е исто така постепен процес.
Прабхупада: Постепен процес, но дали тие мислат дека ќе ја сопрат смртта? Ние сме сигурни дека се враќаме назад дома, назад кај Бога - Кришна. Но каде е нивната сигурност дека ќе успеат да ја сопрат смртта, староста и болеста?
Др. Вулф: Најновата мода е да велат дека се обидуваат, го потврдија фактот дека постои живот после смртта.
Прабхупада: Има...
Др. Вулф: Тие се обидуваат научно да го потврдат.
Прабхупада: Нека го направат тоа. Научно докажано, постои живот после смртта. Тоа постојано го велиме: моето тело на дете е мртво, го нема, исчезна. Јас имам друго тело. После смртта постои живот. Тоа е очигледно. Кришна вели: tathā dehāntara-prāptiḥ (BG 2.13). Слично на тоа: na hanyate hanyamāne śarīre (BG 2.20). Ова е овластена изјава на Бог. Практично можеме да видиме дека добиваме тела едно по друго, но јас продолжувам. Кој е приговорот? Постои живот после смртта. Таканаречената смрт значи уништување на телото. Но ако можеме да живееме живот каде нема повеќе смрт, тогаш кон тоа треба да се стремиме. Тоа е интелигенција. Тоа е спомнато во Бхагавад Гита: ако едноставно го спознаете Кришна и станете погодни да се вратите кај Него, тогаш нема повеќе смрт.