MK/Prabhupada 0219 - Откажи се од глупавата идеја да станеш господар
Lecture on SB 7.9.24 -- Mayapur, March 2, 1976
Во вашата земја осумдесет - деведесет проценти од популацијата се заразени со маларија а тие со сифилис. Каква е разликата? Зошто правите...? Како медицинско лице зошто би правеле разлика: „Оваа болест е подобра од онаа"? Болест си е болест. Тоа е факт. Вие велите: „Ние страдаме од маларија, тоа е подобро него да страдаме од сифилис." Не. Болест си е болест. Слично на тоа, дали Брахма или мравката, болеста е борбата да станеме господар. Тоа е болеста. Затоа за да ја излечи таа болест, Кришна доаѓа да ја излечи неа и вели отворено: „Никаквец еден, ти не си господар; ти си слуга. предај ми се на Мене." Тоа е лекот за болеста. Ако човек се сложи: „Нема повеќе," - āra nāre bapa, „Не се трудам веќе да станам господар," тоа е лекот за болеста.
Затоа Чеитанја Махапрабху изјави, како што и Прахлада Махараџ: nija bhṛtya-pārśvam (SB 7.9.24) „Вклучи ме како слуга на Твојот слуга." Истото го изјави и Чеитанја Махапрабху: gopī-bhartur pada-kamalayor dāsa-dāsa-anudāsaḥ (CC Madhya 13.80). Целта на ова движење за свесност за Кришна е да се одкажеме од глупавата идеја за тоа како да станеме господар. Тоа е свесноста за Кришна. Мораме да научиме како да станеме слуга. Не само слуга, слуга на слугата, слуга на... Тоа е лекот. Затоа Прахлада Махараџ изјави: „Јас ја сфатив глупоста на обидот да се стане господар. Мојот татко исто така се обиде да стане господар. Со ова знаење сега сум совршен. Нема корист да се стане господар. Подобро ако сакаш да ми дадеш некаков благослов, љубезно те молам направи ме слуга на Твојот слуга." Тоа е благослов. Оној што сфатил како да стане слуга на Кришниниот слуга е совршен. Затоа Чеитанја Махапрабху вели: tṛṇād api sunīcena taror api sahiṣṇunā. Слугата треба да толерира. Да толерира. Понекогаш господарот наредува многу нешта и слугата станува вознемирен. Сепак тој треба да ги изврши и да толерира. Тоа е совршенство. Овде во Индија, сеуште кога некој се жени, неговата... Тоа е обичај. Мајката го прашува младоженецот: „Драг сине, каде одиш?" Тој одговара: „Мајко одам да ти донесам слугинка." Тоа е обичајот. „Мајко одам да ти донесам слугинка." Тоа значи: „Мојата жена, твојата снаа ќе те служи како твоја слугинка." Тоа е ведската цивилизација.
Кога Кришна отиде со Своите шеснаесет илјади жени во Хастинапур, Драупади... Природно е жените меѓусебно да зборуваат за своите мажи. Тоа е природно. Драупади ја распрашуваше секоја жена на Кришна. Не сите. Невозможно е, шеснаесет илјади. Неколкуте главни кралици, почнувајќи од... Која е (нејасно)? Рукмини, да. Сите тие ја раскажуваа својата свадбена церемонија: „Мојот..." Рукмини објасни дека: „Мојот татко сакаше да ме даде за Кришна, но мојот постар брат не се сложи. Тој сакаше да се омажам за Шишупал. Мене не ми се допадна идејата. Му напишав тајно писмо на Кришна: „Јас го посветив мојот живот на Тебе, но ваква е сега состојбата. Те молам дојди и киднапирај ме." На тој начин Кришна ме киднапираше и ме направи Негова слугинка." Ќерка на кралицата, ќерка на кралот... Сите тие беа кралски ќерки. Тие не беа ќерки на обични луѓе. Но сепак тие сакаа да станат слугинки на Кришна. Тоа е целта, да се стане слуга и да се стане слугинка. Тоа е целта на човечката цивилизација. Секоја жена треба да се труди да стане слугинка на мажот, а секој маж треба да се труди да стане стотици пати поголем слуга на Кришна. Тоа е индиската цивилизација, а не: „Мажот и жената, ние имаме исти права." Такво движење се одвива сега во Европа, Америка: „Еднакви права." Тоа не е ведска цивилизација. Ведска цивилизација е кога мажот е искрен слуга на Кришна, а жената е искрена слугинка на мажот.