MK/Prabhupada 0220 - Секое живо суштество е делче и честичка од Бог



Arrival Lecture -- Paris, July 20, 1972

Учен човек кој се наоѓа на духовно ниво, тој знае дека: „Еве куче и еве учен брахмана. Според нивната карма тие само добиле различна облека, но во брахманата и во кучето се наоѓа истата духовна душа." На нашето материјалистичко ниво ние правиме разлика: „Јас сум индиец, ти си француз, тој е англичанец, тој е американец, тоа е куче, тоа е маче." Тоа е гледиштето од материјалното ниво. На духовно ниво може да видиме дека секое живо суштество е делче и честичка од Бог, како што е потврдено во Бхагавад Гита: mām evāṁśa jīva-bhūta. Секое живо суштество. Не е важно што е. Постојат 8 400 000 видови на живот, но сите тие се само покриени со разни облеки. Исто како вие французите, може различно сте облечени и англичаните може се различно облечени и индијците исто така. Но облеката не е толку важна. Човекот во облеката е важен. Слично на тоа, ова тело не е толку важно нешто. Antavanta ime dehā nityasyoktāḥ śarīriṇaḥ (BG 2.18), ова тело е привремено. Но душата што се наоѓа во него, таа не е привремена. Затоа овој човечки облик на живот е наменет за гаење на знаење за она што е вечно.

За жал, нашата наука, филозофијата во училиштата, факултетите, универзитетите, тие се занимаваат само со привременото, а не со вечното. Ова движење за свесност за Кришна е наменето да се стави акцент на вечното. Затоа тоа е движење на душата, не е политичко движење, општествено движење или религиско движење. Тие се засегаат со привременото тело. Додека движењето за свесност за Кришна се занимава со вечната душа. Затоа ова санкиртана движење, едноставно со пеењето на оваа Харе Кришна мантра, вашето срце постепено ке се исчисти за да може да дојдете на духовно ниво. Исто како што во ова движење имаме ученици од сите земји на светот, од сите разни религии. Но тие повеќе не размислуваат за одреден вид на религија или нација или вероисповед или боја на кожата. Не. Сите тие се сметаат за делчиња и честички на Кришна. Кога ке дојдеме на тоа ниво и ке се однесуваме во склад со таа положба, тогаш сме ослободени.

Затоа ова движење е многу важно. Секако не е возможно да ви ги дадеме сите детали за неколку минути, но доколку сте заинтересирани можете да останете во контакт со нас, или преку кореспонденција или читајќи ја нашата литература или лично. На било кој начин да го сторите тоа, вашиот живот ке стане возвишен. Ние не правиме таква разлика: „Ова е Индија," „Ова е Англија," „Ова е Франција," „Ова е Африка." Ние сметаме дека секое живо суштество, не само човекот, дури и животните, птиците, зверовите, дрвјата, водените животни, инсектите, влекачите - сите се делчиња од Бог.