MK/Prabhupada 0223 - Оваа Институција мора да постои за да се образува целото човечко општество

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Cette institution est nécessaire pour l’éducation de la société humaine toute entière
- Prabhupāda 0223


Room Conversation with Ratan Singh Rajda M.P. "Nationalism and Cheating" -- April 15, 1977, Bombay

Прабхупад: Има некаква замерка? Г-дин Рајда: Не може да има било каква замерка. Прабхупад: Бхагавад Гита е прифатена и колку што јас разбрав кога Морарџи требаше да го уапсат, тој рече: „Оставете ме само да завршам со читањето на Бхагавад Гита." Го прочитав тоа во весник. г. Рајда: Да, тој велеше... Прабхупад: Тој е посветеник на Бхагавад Гита, има и многу други. Зошто тогаш ова учење да не се даде на целиот свет? г. Рајда: Јас видов, најчесто тој станува во 3:30 наутро, ги врши прво сите религиски обреди, ја чита Бхагавад Гита и сè останато. Тоа трае околу два, три часа. Потоа во 7ч тој излегува од својата соба откако ќе се искапе. Потоа се сретнува (нејасно). Прабхупада: Овие западни момци ја започнуваат оваа Бхагавад Гита пракса од 3:30 до 9:30. Немаат никаква друга окупација. Гледаш. Го следеше нашиот Гирираџ. Цел ден тоа го прави. Сите го прават. Од 3:30 наутро, додека не се уморат, до 9:30, едноставно Бхагавад Гита. г. Рајда: Прекрасно. Прабхупад: Имаме толку многу материјал. Ако зборуваме само за оваа една реченица: tathā dehāntara-prāptiḥ (BG 2.13), потребни се денови за да се сфати. г. Рајда: Секако. Прабхупад: Ако ова е факт: tathā dehāntara-prāptiḥ и na hanyate hanyamāne śarīre (BG 2.20), Што правиме во врска со тоа? Ова е Бхагавад Гита. Na jāyate na mriyate vā kadācin na hanyate hanyamāne śarīre (BG 2.20). Кога моето тело е уништено, јас одам... (пауза) ... лично одам од врата до врата, продавајќи книги и праќајќи пари. Сами ја туркаме ова мисија. Не добивам никаква помош ниту од владата ниту од јавноста. Има евиденција во Банката на Америка, колку странски средства јас внесувам. Дури и со ова кревко здравје, работам барем четири часа, навечер. Тие исто така ми помагаат. Ова е нашиот сопствен обид. Зошто да не дојдеш? Ако сериозно ја проучуваш Бхагавад Гита, зошто не дојдеш да соработуваш? harāv abhaktasya kuto mahad-guṇā manorathenāsati dhāvato... (SB 5.18.12). Не можеш само со закон да го направиш чесен народот. Тоа е невозможно. Заборави на тоа. Тоа е невозможно. Harāv abhaktasya kuto.... Yasyāsti bhaktir bhagavaty akiñcanā sarvaiḥ... Ако ти, ако човек стане посветеник на Бога, сите добри одлики ќе се појават. Исто: harāv abhaktasya kuto mahad... Ако не е посветеник... Денес толку многу работи, осудувања се случуваат, големи големи водачи. Во денешниот весник видов: „Овој, оној е отфрлен." Зошто? Harāv abhaktasya kuto. Која е добробитта од станувањето голем водач ако човек не е посветеник? (Индиски) Ти си многу интелигентен, млад и затоа јас се трудам да ти дадам идеја, и ако можеш да ги спроведеш овие идеи... Сè е веќе дадено. Не е тајна. Едноставно треба да бидеме сериозни, дека оваа институција мора да постои заради едукација на целото општество. Сеедно, мал број. Не е важно. Но идеалот мора да постои.