MK/Prabhupada 0243 - Ученикот доаѓа кај Гуруто за Просветлување
Lecture on BG 2.9 -- London, August 15, 1973
Прадјумна: Превод, „Санџаја рече: Бидејќи тоа го изговори Арџуна, казнувачот на непријателот, рече Кришна, Говинда, Јас нема да се борам“ и замолчи.
Прабхупада: Во претходниот стих, Арџуна рече: „Нема корист од оваа борба, затоа што на другата страна се сите мои роднини и убивајќи ги нив, дури и да победам, што добивам ?“ Ова го објаснивме. Ваквиот вид на одбивање, понекогаш се случува поради незнаење. Всушност, не е баш премногу интелигентно искажано. На тој начин „evam uktvā“ да се рече дека „Нема профит во борењето“. „Evam uktvā“ да се рече дека hṛṣīkeśam, тој се обраќа на господарот на сетилата. А во претходниот стих рекол: „Śiṣyas te 'haṁ prapannam“ (БГ 2.7), „Јас сум твој предан ученик“. Значи, Кришна постанува гуру, а Арџуна постанува ученик. Пред тоа, тие разговараа, како пријатели. Но, со пријателски разговор не може да се реши ниедно сериозно прашање. Кога е во прашање нешто сериозно, за тоа мора да разговараат авторитети.
Значи, hṛṣīkeśam, објаснив веќе неколку пати. Hṛṣīka значи сетила и īśa значи господар. Hṛṣīka-īśa, се спојуваат во еден збор: Hṛṣīkeśa. Слично на тоа и Арџуна. Guḍāka īśa. Guḍāka значи темнина, а īśa...Темнина значи незнаење.
- ajñāna-timirāndhasya
- jñānāñjana-śalākayā
- cakṣur-unmīlitaṁ yena
- tasmai śrī-guruve namaḥ
Должноста на духовниот учител...Еден śiṣya, ученик доаѓа кај гуруто за просветлување. Сите се родени будалести. Сите. Дури и човечките суштества, затоа што настанале со еволуција од животните, па се по раѓањето сите се исти - незнајковци, како животните. Затоа, независно што некој е човечко суштество, потребна му е едукација. Животните не може да се едуцираат, но човечките суштества можат. Затоа „Sāstra says, nāyaṁ deho deha-bhājāṁ nṛloke kaṣṭān kāmān arhate vid-bhujāṁ ye“ (ШБ 5.5.1). Веќе неколку пати сум го рецитирал овој стих... Во облиците кои се пониски од човечкиот, мора да се работи многу тешко, само за четири животни потреби: јадење, спиење, парење и бранење. Задоволување на сетилата. Главна работа е задоволување на сетилата. Затоа, сите мораат да работат многу напорно. Но, во човечкиот облик на живот, Кришна ни дава, толку многу можности, интелигенција. Ние можеме да создадеме, многу удобни услови за живот, но со цел за достигнување совршенство во Свесноста за Кришна. Вие живеете удобно. Тоа е во ред. Но, не живејте како животни, зголемувајќи го сетилното уживање. Луѓето се трудат да живеат удобно, но тие сакаат да живеат удобно, поради задоволување на сетилата. Тоа е грешката на модерната цивилизација. „Yuktāhāra-vihāraś ca yogo bhavati siddhiḥ“. Во Бхагавад Гита е речено yuktāhāra. Да, ти мораш да јадеш, мораш да спиеш, мораш да ги задоволиш своите сетила, мораш да ја организираш својата одбрана - колку е можно, а вниманието да не се наруши премногу. Ние треба да јадеме, yuktāhāra. Тоа е факт. Но, не atyāhara...Рупа Госвами, во Упадешсамрита, даде совет:
- atyāhāraḥ prayāsaś ca
- prajalpo niyamagrahaḥ
- laulyaṁ jana-saṅgaś ca
- ṣaḍbhir bhaktir vinaśyati
- (НОИ 2)
Ако сакате да напредувате во духовната свесност - затоа што тоа е единствената цел во животот - тогаш не би требало да јадете повеќе ( одошто е потребно ), atyāhāraḥ, или да собираш повеќе ( работи ). „Atyāhāraḥ prayāsaś ca prajalpo niyamagrahaḥ“. Ова е нашата филозофија.