MK/Prabhupada 0247 - Вистинска религија значи да се сака Бог
Lecture on BG 2.9 -- London, August 15, 1973
Бхагавад Гита се завршува вака: „Sarva-dharmān parityajya mām ekaṁ śaraṇaṁ vraja (БГ 18.66)“. А Бхагавата почнува оттука. Затоа, Бхагавад Гита е увод во проучувањето на Шримад Бхагаватам. Бхагавата почнува вака dharmaḥ projjhita-kaitavaḥ atra: „Во овој Шримад Бхагаватам се отфрлаат сите измамнички религии, projjhita“. Значи, постои врска. Вистинска религија значи, да се сака Бог. Тоа е вистинска религија. Затоа, Бхагавата вели: „Sa vai puṁsāṁ paro dharmo yato bhaktir adhokṣaje“ (ШБ 1.2.6). Тоа е првокласна религија. Тоа не значи дека треба да ја практикувате, оваа или онаа религија. Можете да ја практикувате било која религија, не е важно. Било да е Хинду религија, Христијанство или Мухамеданство, која и да ја сакате. Но, морате да го положите тестот. Исто како студентите кои полагаат испит за асистент. Никој не ги прашува: „На кој факултет го положи својот испит? Помина испит за асистент ? Тоа е во ред“. Нас единствено не интересира, дали сте дипломци, постдипломци. Тоа е се. Никој не прашува: „На кој факултет, во која земја, практикувајќи ја која религија си го положил испитот за асистент?“ Не. Слично на тоа, никој не би требало да прашува: „На која религија припаѓаш?“ Личноста мора да види дали ја совладала уметноста за сакање на Бог. Тоа е се. Тоа е религија. Затоа што, ова е религија: „Sarva-dharmān parityajya māṁ ekaṁ śaraṇaṁ vraja“ (BG 18.66). Тоа е религија, Бхагавата вели. „Dharmaḥ projjhita-kaitavaḥ atra“. „Сите измамнички видови на религија се протерани од овој Бхагаватам“. Само nirmatsarāṇām, оние кои не му завидуваат на Господ... „Зошто да го сакам Бог? Зошто да го обожавам Бога ? Зошто да го прифатам Бог?“ Тоа се сите демони. Шримад Бхагаватам е единствено за оние кои се многу сериозни во својата љубав. „Ahaitukī apratihatā yenātmā samprasīdati“. Значи, вистинскиот успех во животот е кога ќе научите да го сакате Бога. Тогаш вашето срце ќе биде задоволено. „Yaṁ labdhvā cāparaṁ lābhaṁ manyate nādhikaṁ tataḥ“. Ако го земете Кришна или Бог...Кришна значи Бог. Ако имате некое друго име за Бог, тоа е исто прифатливо. Но, Бог, Врховниот Господ, Врховната Личност. Кога ова го имате...Затоа што ние сакаме некого. Склоноста кон љубов е тука. Во секој. Само што е погрешно насочена. Затоа, Кришна вели: „Отфрли ги сите тие објекти на љубов. Обиди се да ме сакаш Мене“. „Sarva-dharmān parityajya mām ekam“ (БГ 18.66). На тој начин, вашата љубов никогаш нема да може да ве задоволи. Yenātmā samprasīdati. Ако сакате вистинско задоволство, тогаш морате да го сакате Кришна или Бог. Тоа е целата филозофија на...Ведската филозофија. Или било која филозофија која ја одбирате. Затоа што, на крај на краевите, вие сакате да се задоволите себе, во потполност да го задоволите својот ум. Тоа единствено можете да го постигнете, ако го сакате Бог. Затоа, онаа религија која учи, која го тренира кандидатот да го сака Бог, е првокласна. Тоа е првокласна религија. „Sa vai puṁsāṁ paro dharmo yato bhaktiḥ...“ (ШБ 1.2.6). И тоа е љубов без мотив. Како што е овде во материјалниот свет „Те сакам, ти ме сакаш“. Позадината е некаков мотив. „Ahaituky apratihatā. Ahaitukī, no motive. Anyābhīlāṣitā-śūnyam“ [Бхакти расамрита синдху 1.1.11]. Сите останати желби, треба да се сведат на нула. Нула. Тоа ќе го научите во Бхагавад Гита.