MK/Prabhupada 0257 - Како можете да се ставите над Божјите закони



Lecture -- Seattle, September 27, 1968

Нашиот програм е да се обожува Севишната Божја Личност, Кришна. „Govindam ādi-puruṣaṁ tam ahaṁ bhajāmi“. Во овој материјален свет, секој се обидува да се стекне со среќа и да се има олеснување од несреќата. Две работи се случуваат, обид. Има различни процеси. Материалниот процес е потполно апсурден. Тоа е веќе докажано. Никакво количество на материјални удобности или среќа, таканаречена среќа, не можат да ни ја дадат вистинската среќа, по која копнееме. Тоа не е возможно. Има и различни други процеси, исто така. Има три вида на беди, поради нашиот материјално условен живот: ādhyātmic, ādhibhautic, ādhidaivic. Ādhyātmic значи она што се однесува на телото и умот. Како, кога во телото ќе се наруши метаболитичката функција, добиваме грозница, болка, главоболка - толку многу работи. Овие мизерии се наречени ādhyātmic, оние кои се однесуваат на телото. А другиот дел од ādhyātmic мизерии се оние кои се поради умот. Да предпоставиме дека страдам поради голем губиток. Тогаш умот не е во добра состојба. Тоа е исто страдање. Во состојба на болест на телото или ментално незадоволство, се соочуваме со неволји. Потоа, ādhibhautic - страдање кое го предизвикуваат други живи суштества. Како живи суштества, ние секојдневно испраќаме на милиони јадни животни во кланица. Тие тоа не можат да го изразат, но тоа се нарекува ādhibhautic, страдање кое го предизвикуваат другите живи суштества. Слично на тоа, ние страдаме поради другите живи суштества. Не можете да се ставите над Божјите закони. Од материјалните и државните закони, можете да се сокриете, но не и од Божјите. Има толку многу сведоци. Сонцето е вашиот сведок, месечината е вашиот сведок, денот е вашиот сведок, ноќта е вашиот сведок, небото е вашиот сведок. Како тогаш можете да се ставите над Законите на Бога ? Значи...Оваа материјална природа е така составена да мораме да страдаме. Ādhyātmic, оние кои се однесуваат на телото, на умот и страдања кои доаѓаат од другите живи суштества и други страдачки ādhidaivic. Ādhidaivic, како кога некого го опседнува дух, духот го нападнал. Духот не можеме да го видиме, но тој страда во делириум, говорејќи бесмислици. Или кога има немаштија, земјотрес, војна, помор, многу работи. Значи, страдањата се секогаш тука. А ние се обидуваме да ги решиме со крпеници. Страдањата се секогаш тука. Сите се обидуваат да излезат од страдањата, тоа е факт. Целата борба за опстанок е насочена кон ослободувањето од страдањето. Но, постојат различни видови рецепти. Некој вели дека ќе се ослободиш од страдањата на овој начин, некој вели на оној начин. Има рецепти кои се понудени од модерните научници, од филозофите, од атеистите или теистите, од плодоносните работници, ги има толку многу. Но, според Движењето за Свесност на Кришна, можете да се ослободите од сите страдања, ако едноставно ја промените својата свесност, тоа е се. Тоа е Свесност за Кришна. Сите наши страдања се поради недостаток на знаење, поради незнаење... Сите наши страдања се поради недостаток на знаење, поради незнаење. Тоа знаење може да се стекне со дружење со добри авторитети.