MK/Prabhupada 0258 - Нашата изворна улога е да сме Слуги



Lecture -- Seattle, September 27, 1968

Има еден убав стих на Бенгласки: „Kṛṣṇa bhuliya jīva bhoga vāñchā kare pāsate māyā tāre jāpaṭiyā dhare“. Штом нашата изворна свесност ќе постане загадена со свесноста на материјалното уживање, која значи: „Сакам да загосподарам со материјалните извори...“. Штом нашата свесност ќе се промени на тој начин, тогаш започнуваат нашите неволји. Веднаш маја. Таа сама свесност, дека: „Можам да го уживам овој материјален свет, најдобро што можам...“ Сите се обидуваат тоа да го сторат. Секој од нас, почнувајќи од мравката до највисокото живо суштество, Брахма, секој се обидува да биде еден од господарите. Исто како што во вашата земја неодамна имаше толку многу лобирања за претседател. Зошто? Иста идеја. Секој сака да постане некој вид на господар. Тоа е маја. Нашето Движење за свесност на Кришна е тотално спротиивно. Ние само се обидуваме да постанеме слуги од слугите од Кришнините слуги. Токму спротивното. Наместо да постанеме господар, ние сакаме да бидеме слуга на слугите на Кришна. „Gopī-bhartuḥ pada-kamalayor dāsa-dāsānudāsaḥ“ (ЧЧ Мадја 13.80). Во современиот тренд на цивилизација, луѓето може да кажат дека тоа е менталитет на роб. Тоа е многу добра идеја: „Зошто да постанам роб? Јас ќе постанам господар“. Но, тој не знае дека таа свесност: „Ќе постанам господар“ е причина на неговото страдање. Оваа филозофија мора да биде разбрана. Затоа што нашата изворна природа е да сме слуги. Во име на постанување на господар на овој материјален свет, ние постанавме слуги на нашите сетила. Затоа што, нашата изворна природа е да сме слуги. Не можеме без служење. Секој од нас кој седи на овој собир е слуга. А овие момци кои се посветиле на Свесноста за Кришна, се согласиле да постанат слуги на Кришна. Така да, нивниот проблем е решен. Но, другите кои мислат: „Зошто да постанам слуга на Господ или слуга на Свамиџи? Јас ќе постанам господар...“ Но, всушност не може да постани господар. Тој е господар на неговите сетила, тоа е се. Само обидете се, да разберете. Тој треба да биде слуга, но тој е слуга на својата страст, слуга на својата жестокост, тој е слуга на својата алчност, слуга на својот гнев, слуга на толку многу работи. „Kāmādīnāṁ kati na katidhā pālitā durnideśāḥ“. На повисок степен, некој постанал слуга на човештвото, некој постанал слуга на општеството, а некој слуга на својата земја, но вистинската цел е: „Јас ќе постанам господарот“. Таа болест е тука. Кандидатите за претседател ги представуваат своите различни манифестации, не манифести и велат: „Ќе ја служам својата држава многу убаво. Ве молам, дајте ми го својот глас“. Но, вистинската идеја е: „На некој начин ќе постанам господар на државата“. Ова е маја. Ако ја разбирате оваа мала филозофија, дека по својата изворна природа сум слуга... Нема сомнеж. Никој не може да каже: „Јас сум слободен, јас сум господар“. Никој не може да каже. Ако така мисли, тоа е маја. Тоа е лажно.