MK/Prabhupada 0264 - Маја исто го служи Кришна, но нема благодарност



Lecture -- Seattle, September 27, 1968

Тамала Кришна: Дали Маја е чист бхакта? Маја. Прабхупада: Чисти бхакти, не, тој не е под влијание на маја. Тамала Кришна: Не, не. Дали Маја, Мајадеви е чист бхакта ? Прабхупада: Да, секако. Зарем полицијската сила не е чесен слуга на владата? Дали тоа значи дека полицијските сили вршат тортура над тебе и затоа се отфрлени како слуги на владата? Нивната задачата е неблагодарна, тоа е се. Слично, Маја го служи Кришна, но нема благодарност. Во тоа е разликата. Таа прифатила неблагодарна задача, да ги казнува безбожните луѓе, тоа е се. Самата, Маја, таква каква е, не е надвор од допирот на Кришна. Vaiṣṇavī. Во Caṇḍī, книгата за Маја, речено е „Vaiṣṇavī“. Маја е опишана како Vaiṣṇavī. Исто, како што чистиот бхакта се нарекува Ваишнава, таа е исто опишана, како Vaiṣṇavī. Вишнуџана: Како правиш се што ќе кажеш да е така едноставно да се разбере? Прабхупада: Затоа што, целата филозофија е многу едноставна. Господ е голем, вие не сте. Не изјавувајте, дека сте Бог. Не изјавувајте, дека нема Бог. Господ постои и Тој е голем, а вие сте мали. Тогаш, која е вашата позиција? Треба да го служите Кришна. Тоа е едноставна вистина. Тој бунтовнички став се нарекува маја. Секој кој изјавува дека: „Нема Бог. Бог е мртов. Јас сум Бог, ти си Бог“, се наоѓа под клетвата на маја. „Piśācī pāile yena mati-cchanna haya“. Исто како, кога човекот е опседнат со духови, говори секакви глупости. Сите тие личности се опседнати со маја и затоа говорат: „Господ е мртов. Јас сум Бог. Зошто го бараш Бога насекаде? Има толку многу Богови, кои талкаат по улица“. Сите тие се опседнати со духови, пореметени. Затоа требаме да ги излечиме со оваа трансцедентална вибрација, Харе Кришна. Тоа е единствен процес на лечење. Едноставно, дајте им да слушаат и постепено ќе бидат излечени. Исто како, кога човекот длабоко спие, а вие ќе викнете покрај неговото уво и тој се пробуди. Затоа, ова е мантрата за да се разбуди заспаното човечко општество. „Uttiṣṭha uttiṣṭhata jāgrata prāpya varān nibodhata“. Ведите велат: „О, човечка расо, ве молам станете. Немојте повеќе да спиете. Ја имате оваа можност на човечкото тело. Искористете го. Ослободите се од канџите на маја“. Ова е декларација на Ведите. И вие тоа го правите. Харе Кршна, пејте Харе Кришна и тие ќе бидат... Бхактите: Харе Кришна! Прабхупада: Да? Џаја-гопала: Дали се минатото, сегашноста и иднината, во материјална смисла, искривена рефлексија на истото Прабхупада: Да, минатото иднината и сегашноста се во склад со различните видови релативност. Тоа е научен доказ. Професор Ајнштајн тоа го докажал. Како што твоето минато, не е минатото на Брахма. Твојата сегашност, не е сегашноста на мравката. И минатото, сегашноста, иднината - времето е вечно. Во склад е со различните димензии на телото. Времето е вечно. Токму, како малата мравка. Во дваесет и четири часа, тој има дваесет и четири пати минато. сегашност и иднина. Рускиот спутник ја свртел планетата земја за еден час о дваесет и пет минути или така нешто. Тие ја свртеле земјата, дваесет и пет пати. Тоа значи дека за час и дваесет и пет минути, човекот во спутникот, видел ден и ноќ, дваесет и пет пати. Значи, во повисоката атмосфера, минатото и сегашноста се поинакви. Ова минато, сегашност и иднина, зависат од твоето тело, од околностите. Вусшност, нема минато, сегашност и иднина. Се е вечно. Вие сте вечни: „Nityo śāśvato 'yaṁ na hanyate hanyamāne śarīre“ (БГ 2.20). Вие не умирате. Затоа,...Луѓето не знаат дека се вечни. Кој е мојот вечен ангажман? Што е мојот вечен живот? Тие, едноставно се заробени со животот на некое место: „Јас сум Американец“, „Јас сум Индиец“, „Јас сум ова“, „Јас сум она“. Тоа е се. Ова е незнаење. Затоа, една личност треба да трага за своето вечно занимање со Кришна. Тогаш, тој ќе биде среќен. Ви благодарам.