MK/Prabhupada 0266 - Кришна е совршен Брахмачари



Lecture on BG 2.10 -- London, August 16, 1973

Прабхупада: Во Rājasūya-yajña, Бхишмадев признава дека: „Никој не е подобар брахмачари од Кришна. Бил во друштво на млади девојки, но останал брахмачари. Не знам, каква би била мојата состојба, кога јас би бил со гопиите“. Затоа, Кришна е совршениот брахмачари, Хршикеш. А овие ништожници велат дека Кришна е неморален. Не. Кришна е совршен брахмачари. Dhīra. Dhīra значи оној кој не е вознемирен, дури и кога за тоа постои причина. Кришна е таков брахмачари. И покрај...Нему на самиот почеток на младоста, на 15, 16 години сите селски девојки му биле пријатели, биле многу привлечени со Кришнината убавина. Тие доаѓале кај Кришна, за да танцуваат во селото. Но, Тој бил брахмачари. Никогаш нема да чуете дека Кришна имал незаконит секс. Не. Нема опис на таква работа. Танцувањето е опишано, но не и контрацептивни пилули. Не. Тоа не е опишано, тука. Затоа, Тој е Хршикеш. Хршикеш значи совршен брахмачари. Vikāra-hetu, дури и да постои причина за вознемиреноста, Тој не е вознемирен. Тоа е Кришна. Тој има илјади и илјади бхакти и некои бхакти, ако го сакаат Кришна како љубовник, Кришна тоа го прифаќа, но Нему не му треба, никој друг. Нему тоа не му е потребно. Тој е самодоволен. Не Му е потребна ничија помош за задоволување на сетилата. Затоа, Кришна е Хршикеш, господар на сетилата. Затоа, Кришнините бхакти...Има многу примери на Кришнини бхакти. Тие се исто така... Зошто многу? Скоро сите бхакти се господари на сетилата, госвами. Исто како, Харидас Тхакур, знаете. Харидас Тхакур бил млад човек, а селскиот заминдер бил Муслиман. Сите го славеле Харидас Тхакур, така прекрасен бхакта. А тогаш заминдерот, селскиот заминдер, постанал многу завиден. И ангажирал една проститутка да го загади Харидас Тхакур. Таа дошла во глувата ноќ, убаво облечена и привлечна. Таа била млада, многу убава. И таа рекла: „Дојдов привлечена од твојата убавина“. Харидас Тхакур рекол: “Да, тоа е во ред. Дојди и седни. Дозволи да го завршам моето мантрање, а потоа ќе уживаме“. И таа седнала. Но, Харидас Тхакур мантрал, тој мантрал... Ние, не можеме да мантраме дури и шеснаесет круга, а тој мантрал три пати по шеесет и четири круга. Колку е тоа? Реватинандана: 196. Прабхупада: 196 круга. Тоа била целата негова работа. Харе Кришна, Харе Кришна, Кришна Кришна... И, понекогаш некој сака да го имитира Харидас Тхакур. Тоа не е возможно. И, Харидас Тхакур, кога дошло утро, проститутката рекла: „Господине, сега е утро“. „Да, следната ноќ ќе...Дојди вечер. Денеска не можев да го завршам моето мантрање“. Тоа бил изговор. На тој начин, минале три дни. И, тогаш проститутката била преобратена, паднала на неговите... „Господине, јас дојдов да ве загадам. Сега, спаси ме, толку сум падната“. И, Харидас Тхакур рекол: „Да, го знам тоа. Можев да го напуштам ова место веднаш штом дојде, но сакав да дојдеш овде и се преобратиш во Ваишнавизам„. Така проститутката станала голем бхакта со милост на... Харидас Тхакур рекол: „Седи овде и мантрај Харе Кришна, пред оваа туласи билка. А, јас сега заминувам одовде“.