MK/Prabhupada 0267 - Вјасадев објаснил што е Кришна



Lecture on BG 2.10 -- London, August 16, 1973

Значи, Кришна - бхакти е таква. Потполна контрола над сетилата. Како што Кришна има потполна контрола над сетилата, слично, оние кои се навистина Кришнини бхакти, тие имаат потполна контрола, над сетилата. Хршикеш. Како Јамуначарја. Тој се моли, тој вели: „Yad-avadhi mama cittaḥ kṛṣṇa-padāravinde, nava-nava-dhāmany udyataṁ rantum āsīt“. „Откога почнав да чувствувам трансцедентално блаженство, земајќи засолниште на лотосовите стапала на Кришна“, yad-avadhi mama cittaḥ kṛṣṇa-padāravinde, kṛṣṇa-padāravinde, лотосовите стапала на Кришна. „Откога my citta, моето срце беше привлечено од лотосовите стапала на Кришна, tad-avadhi bata nārī-saṅgame, одтогаш, штом размислувам за секс, bhavati mukha-vikāraḥ, го мразам и плукам на него“. Тоа е Кришна - бхакти. Кришна - бхакти е таква. „Bhakti-pareśānubhava-viraktir anyatra syāt“. Најпривлечната работа во овој материјален свет е сексот. Тоа е темел на материјалниот живот. Сите овие луѓе, работат тешко, ден и ноќ, само за сексуално уживање. „Yan maithunādi-gṛha... “. Толку многу ризикуваат. Тие работат, кармите, тие работат напорно. Што е задоволството на животот? Задоволството во животот е сексот. „Yan maitunādi-gṛhamedhi-sukhaṁ hi tuccham“. Многу гнусни активности, но тоа е нивното задоволство. Тоа е материјален живот. А, Кришна не е таков? Но, ништожниците сликаат слики, кои многу се ценат, каде Кришна ги прегрнува гопиите. Некој ми велеше...Последниот...Кој пристигнал? Таа Кришнина слика. Кога Кришна ја убива Путана, таа слика тие нема да ја насликаат или убивањето на Камса,...или...Кришна има толку многу слики. Тие слики нема, уметниците. Тие едноставно ќе ги насликаат, Неговите доверливи активности со гоппите. Оној кој не може да го сфати Кришна, што е Кришна, кој Вјасадев го опишал во девет пеења, за да се разбере Кришна, а потоа во Десеттото Пеење, тој почнува да го опишува, раѓањето и појавата на Кришна. Но, тие ништожници/раскали, веднаш скокаат на rāsa-līlā. Најпрво, сфатете го Кришна. Исто како, кога стануваш пријател на некој истакнат човек и прво се обидуваш да го сфатиш. А, потоа се обидуваш да ги сфатиш неговите семејни односи или доверливи работи. Но, овие луѓе скокаат на rāsa-līlā. И погрешно ја сфаќаат. Затоа, понекогаш велат: „Кришна е неморален“. Како Кришна може да биде, неморален? Со прифаќање, со пеење на Кришниното име, неморалните личности стануваат морални, а Кришна неморален. Погледнете ја таа будалаштија. Едноставно со пеење на Кришниното име, сите неморални личности постануваат морални. А, Кришна е неморален. И тоа го говори ништожнички професор.