MK/Prabhupada 0280 - Посветено Служење значи Прочистување на Сетилата
Lecture on BG 7.2 -- San Francisco, September 11, 1968
Свесноста за Кришна или посветеното служење, значи прочистување на сетилата. Тоа е се. Ние не треба да ги искорениме, да ги напуштиме сетилните активности. Не. Ние треба едноставно да ги прочистиме сетилата. Како можете да ги напуштите сетилата? Бидејќи вие сте живи суштества, сетилата се таму. Но, работата е дека во моментот, бидејќи ние сме материјално загадени, нашите сетила не добиваат целосно задоволство. Ова е многу научно. Посветеното служење значи прочистување на сетилата. Sarvopādhi-vinirmuktaṁ tat-paratvena nirmalam (ЧЧ Мадхја 19.170). Nirmalam значи прочистување. Како ќе ги прочистите вашите сетила? Тоа е дефинирано во Nārada-bhakti-sūtra. Речено е дека sarvopādhi-vinirmuktam. Прочистување на сетилата значи треба да бидете ослободени од сите видови именувања. Нашиот живот е полн со именувања. Како јас што си мислам „ јас сум Индиец“, јас си мислам „јас сум санјаси“, вие си мислите, вие сте Американци, вие мислите „маж“, вие мислите „жена“, вие мислите „бели“, вие мислите „црни“. Толку многу именувања. Се се тоа именувања. Прочистувањето на сетилата значи да се прочистат именувањата. Свесноста за Кришна значи дека „јас нити сум Индиец, ниту Европеец, ниту Американец, ниту ова, ниту она. Јас сум вечно поврзан со Кришна. Јас сум делче од Кришна“. Кога ние сме целосно убедени дека „јас сум делче од Кришна“, тоа е свесност за Кришна, тоа е прочистување на вашите сетила.
Како делче од Кришна, вие треба да го служите Кришна. Тоа е ваше задоволство. Сега ние се обидуваме да ги задоволиме нашите сетила, нашите материјални сетила. Кога ќе станете...кога ќе рализирате дека сте делче од Кришна, тогаш ќе ги задоволите сетилата на Кришна, Говинда. И со задоволување на Неговите сетила, вашите сетила ќе бидат задоволени. Како на пример – не е духовен – кога сопругот се подразбира дека е уживател, а за сопругата се смета за уживана. Но, ако сопругата ги задоволи сетилата на сопругот, неговите(нејзините) сетила исто така се задоволени. Слично, ако ве чеша нешто на телото, некој дел од телото, прстите го чешаат тој дел од телото, уживање исто така чувствуваат и прстите. Не дека само определ дел од сетилата се задоволени, туку целото тело го чувствува ова задоволство на сетилата. Слично, Кришна кој е целосен, кога ќе го задоволите Кришна, сетилата на Кришна, Говинда, тогаш задоволството на целиот универзум зазема место. Ова е наука. Tasmin tuṣṭe jagat tuṣṭa. Друг пример е, ако го задоволите стомакот во вашето тело, тогаш целото тело е задоволено. Стомакот ќе испушти толку енергија од варењето на храната, што ќе се пренесе во крвта, ќе дојде во срцето и од срцето ќе се распореди по целото тело, и по целото тело депресијата, исцрпеноста што се случува, ќе биде задоволена.
Тоа е процесот на свесноста за Кришна. Ова е наука за свесноста за Кришна, и Кришна ја објаснува лично. yaj jñātvā, ако ја разбереме науката за свесноста за Кришна, тогаш ништо нема да биде непознато. Сè ќе биде познато. Тоа е толку убаво.