MK/Prabhupada 0281 - Човекот е животно, но рационално животно
Lecture on BG 7.2 -- San Francisco, September 11, 1968
Yaj jñātvā neha bhūyo 'nyaj jñātavyam avaśiṣyate. Bhūyo значи нема повеќе за разбирање ништо. Се е целосно познато. Тогаш прашање може да биде зошто луѓето не го разбираат Кришна. Тоа секако е релевантно прашање и тоа е одговорено од Кришна во следниот стих.
- manuṣyāṇāṁ sahasreṣu
- kaścid yatati siddhaye
- yatatām api siddhānāṁ
- kaścin māṁ vetti tattvataḥ
- (БГ 7.3)
Manuṣyāṇāṁ sahasreṣu. Има различни видови на луѓе. Исто како што ние ги познаваме сите од оваа планета само, со исклучок на другите планети, има стотици и илјадници видови на луѓе. Дури и тука, ние седиме, толку многу дами и господа, тие се различни видови. И ако одите надвор, има различни видови. Ако одите во друга земја – Индија, Јапонија, Кина – ќе најдете различни. Така речено е, manuṣyāṇāṁ sahasreṣu (БГ 7.3), надвор од многу, многу видови на луѓе, kaścid yatati siddhaye, само неколку личности одлучуваат да ја разберат филозофијата на животот. Бидеќи човекот е рационално животно. Човекот е рационален. Човекот е животно, но рационално животно. Специјален подарок на човекот е што може да одлучи што е добро, што е лошо. Тој има добиено дополнително знаење отколку животните. Во моментот, образовниот систем е толку лош што практично е образование за животни. Образование за животни значи кога ние сме толку многу заинтересирани за јадење, спиење, размножување и одбрана, тоа е образование за животни. Јадење, спиење, размножување и одбрана, ох, ќе го најдете и кај животните. Нема разлика. Тие си имаат свој сопствен одбранбен систем, тие имаат свој систем на спиење, тие имаат свој систем на размножување. Вие се размножувате со вашите жени на скришно место, во убава соба, во декорирана соба, но кучето се размножува на улица, но резултатот е ист. Да се подобри методот на размножување не е напредок на цивилизацијата. Тоа е полирање на животинската цивилизација, тоа е сè. Животните исто така, кучето може исто така да се одбрани од други кучиња. И ако вие мислите дека сте ја откриле атомската енергија за да се одбраните себеси, тоа не е напредок на човековата цивилизација. Одбранбен систем, тоа е сè. Слично, вие одите понатаму со анализирањето. Анализата на човекот е совршена кога тој ја истражува основната позиција. „Кој сум јас? Кој сум јас? Дали сум јас ова тело? Зошто дојдов во овој свет?“ Се бара истражување. Тоа е специјална привилегија на човечкото суштество. Така откако некој ќе почне да истражува „Кој сум јас?“ и ако почне да бара одговори, тогаш ќе дојде до Бог. Затоа што тој е делче од Бога. Тој е примерок од Бога. Затоа manuṣyāṇāṁ sahasreṣu (БГ 7.3). Од многу, многу илјади видови на луѓе, еден, или да речеме само неколку личности можат да се заинтересираат да го запознаат Бог. Не само да го знаат... Не да го знаат, само да се запознаат себе си. И всушност ако се запознаат себе си, тогаш постепено ќе дојдат до Бога.