MK/Prabhupada 0282 - Ние треба да ги следиме стапките на ачарјите



Lecture on BG 7.2 -- San Francisco, September 11, 1968

manuṣyāṇāṁ sahasreṣu
kaścid yatati siddhaye
yatatām api siddhānāṁ
kaścin vetti māṁ tattvataḥ
(БГ 7.3)

Тука е речено дека manuṣyas teṣāṁ śāstra 'dhikara yajñānāṁ sahasra-madhye. Сега, кој сум јас, кој е Бог, кој е овој материјален свет, како работи, овие прашања се работа на образован човек. Будалестиот човек не е заинтересиран. Така да śāstra adhikāra. Śāstra значи некој кој има некое знаење од шастрите, книги на знаење. Веднаш штом дознаеме дека некој има книги на знаење, знаење во книгите, или шастри, количината ќе биде намалена. Во оваа населба, ако пронајдете колку неедуцирани луѓе има, ох, ќе најдете многу. И штом ќе сакате да дознаете колку високо образовани се таму, одеднаш бројот ќе се намали. Слично, има многу луѓе, но ако сакате да најдете луѓе кои сакаат да го направат совршен нивниот живот, одеднаш бројот ќе се намали. Тука се вбројуваат многу трансценденталисти, гуруи, јогиите се таму. Ако броите, кој од нив сака да го разбере Бога, кој има знаење за Бог, одеднаш бројот ќе се намали. Повторно. Затоа Кришна вели дека од многу, многу илјади луѓе, некој е заинтересиран да го направи својот живот совршен. И од многу, многу илјади луѓе кои всушност се трудат да го направат својот живот совршен, ќе најдете некој – или може да не најдете – кој го знае Бог или Кришна. Но, Кришна е толку љубезен, што Тој доаѓа Самиот да биде запознаен од секого. И Тој е толку љубезен што пред неговото заминување од овој материјален свет, Тој ја остави позади себе оваа Бхагавад Гита, така да вие може да дознаете од Неговиот личен говор, што е Бог. Ако ја читате Бхагавад Гита правилно, како што е кажана од Кришна, не будалесто толкување на бессмислици, туку така како што е, како што е... Наречете ја лопатата, лопата. Кришна вели „Јас сум Севишната Божја Личност“. Не ја толкувајте оваа верзија со вашето будалесто толкување, туку прифатете го Кришна како Севишна Божја Личност. И со Неговото однесување, со Неговото знаење од шастрите, мудрост ... Порано секој го прифатил, сите ачарји. Ние треба да ги следиме стапките на ачарјите. Mahājano yena gataḥ sa panthāḥ (ЧЧ Мадхја 17.186). Ние не можем да разбереме повисоки нешта се додека не ги следиме стапките на возвишените личности. Исто како во научниот свет, законот за гравитација. Вие не знаете ништо за законот за гравитација, но господинот Исаак Њутон, тој рекол дека има закон за гравитација. Тој го прифатил. Тоа е се. Тоа значи вие треба да следите возвишени личности. Слично, Кришна треба да биде прифатен како Севишната Божја Личност, не од каприци. Но, тој бил прифатен од личности како Господ Чаитанја, Рамануџаачарја, Шанкараачарја, возвишени личности кои ја насочуваат судбината на духовниот свет. Затоа вие треба да прифатите на тој начин.