MK/Prabhupada 0283 - Нашата програма е да се сака
Lecture -- Seattle, September 30, 1968
Прабхупада: Govindam ādi-puruṣaṁ tam ahaṁ bhajāmi
Посветеници: Govindam ādi-puruṣaṁ tam ahaṁ bhajāmi
Прабхупада: Нашата програма е да го обожуваме со љубов и посветеност, Говинда, оригиналната личност. Govindam ādi-puruṣaṁ Ова е свесност за Кришна. Ние ги учиме луѓето да го сакаат Кришна, тоа е се. Нашата програма е да се сака, да се стави вашата љубов на соодветно место. Тоа е нашата програма. Секој сака да сака, но се фрустрирани за сметка на тоа што нивната љубов е ставена на погрешно место. Луѓето не го разбираат тоа. Тие биле подучувани, „ Најпрво, сакајте го своето тело“. Потоа малку проширено, „Сакајте ги своите татко и мајка“. Потоа „Сакајте ги своите браќа и сестри“. Потоа, „ Сакајте го своето општество, сакајте ја својата земја, сакајте го целото човечко општество, човештвото“. Но, целата оваа проширена љубов, таканаречена љубов, нема да ви даде задоволство освен ако не ја достигнете точката каде го сакате Кришна. Дури тогаш ќе бидете задоволни. Исто ако фрлите камен во некој резервоар со вода, во езеро, тогаш веднаш почнува да кружи. Кругот се зголемува и зголемува, зголемува, зголемува, кога кругот ќе го допре брегот, запира. Се додека кругот не го допре кејот или брегот од резервоарот со вода, се зголемува. Така ние треба да се зголемуваме. Зголемуваме. Зголемување значи има два начина. Ако вежбате, „ Го сакам моето општество, ја сакам мојата земја, ја сакам мојата човечка нација“, потоа „ живите суштества“, итн... Но, ако директно го допрете Кришна, тогаш сè е таму. Се е убаво. Зошто Кришна значи сепривлечен, што вклучува се. Зошто сè? Бидејќи Кришна е центарот. Исто како во фамилијата, ако го сакате вашиот татко, тогаш ги сакате вашите браќа, сестри, слугите на татко ви, домот на татко ви, жената на татко ви, наречена ваша мајка, сите. Централна точка е татко. Ова е груб пример. Слично, ако го сакате Кришна, тогаш вашата љубов ќе биде зголемена секаде. Друг пример, исто ако сакате дрво, листовите, цветовите, гранките, стеблото, гранчињата, се. Вие едноставно ставате вода во коренот и тогаш вашата љубовна врска со дрвото автоматски ќе се воспостави. Ако ги сакате вашите сограѓани, ако сакате да видите како вашите сограѓани стануваат образовани, напредно економски и ментално, физички, тогаш што би направиле? Плаќате даноци на државата. Не ги криете даноците од доходот. Едноставно вие го плаќате данокот во централната влада и тој ќе биде распределен до министерството за образование, за одбрана, за хигиена, секаде. Затоа ... Овие се груби примери, но всушност, ако сакате да сакате се, тогаш обидете се да го сакате Кришна. Нема да бидете вознемирени, бидејќи тоа е целосно. Кога вашата љубов е целосна, тогаш вие нема да бидете вознемирени. Исто како кога имате целосна исхрана. Ако сте целосно задоволни со храната, тогаш ќе кажете, „ Јас сум задоволен. Не сакам повеќе“.