MK/Prabhupada 0285 - Единствениот посакуван објект е Кришна и неговата земја Вриндавана



Lecture -- Seattle, September 30, 1968

Кришна обично одеше на пасиштата, а гопиите дома ... Беа девојки или жени. Тие... На жените и девојките не им беше дозволено да работат. Тоа е ведскиот систем. Тие треба да се чуваат дома, и треба да им се даде заштита од страна на таткото, од сопругот или постарите синови. Тие не требаа да одат надвор. Тие седеа дома. Но, Кришна беше, да речеме, со милји далеку на пасиштата, и гопиите дома си мислеа, „Ох, стапалата на Кришна се толку меки. Сега Тој оди по грубата земја. Честичките од камењата ги боцкаат Неговите табани. Тој мора да чувствува болка“. Вака размислувајќи, тие почнуваа да плачат. Само види. Кришна е со милји далеку, и што чувствува Кришна, тие едноставно размислуваат за тоа чувство: „Кришна можеби се чувствува така“. Ова е љубов. Ова е љубов. Тие не го прашуваат Кришна: "Драг мој Кришна, што донесе од Твоето пасиште? Како е твојот џеб? Дај да видам“. Не. Едноставно размислувајќи за Кришна, како Кришна ќе биде задоволен. Тие обично се облекуваа себеси бидејќи ... И одеа пред Кришна со убав фустан, „Ох, Тој ќе биде среќен да види“. Вообичаено, едно момче или човек е среќен кога ќе ја види неговата љубовница или сопруга убаво облечена. Тоа е, според тоа, природата на жената е да се облекува убаво. И според ведскиот систем, жената треба да се облекува многу убаво, само за да го задоволи својот сопруг. Тоа е ведскиот систем. Ако нејзиниот сопруг не е дома, тогаш таа не треба да се облекува убаво. Постојат забрани. Proṣita bhartṛkā. Постојат различни фустани за жената. Со гледањето на фустанот човек ќе разбере која е таа. Човек може да свати со гледањето на фустанот, дека таа е немажена девојка. Човек едноставно може да види од фустанот дека таа е мажена сопруга. Човек може да види од фустанот дека таа е вдовица. Човек може да види од фустанот дека таа е проститутка. Значи фустан е многу важен. proṣita bhartṛkā. Ние нема да разговараме за социјалните. Ние разговараме за љубовните размени на Кришна. Така, гопиите ... Кришна и гопиите, врската била толку интимна и толку неприфатлива Самиот Кришна призна: „Драги мои гопии, не е во Моја моќ да ви враќам за вашите љубовни размени“. Кришна е Севишната Божја Личност. Тој банкротираше, дека „драги мои гопии, тоа е невозможно за Мене за да ги отплатам долговите што ги создадовте сакајќи ме“. Тоа е највисокото совршенство на љубовта. Ramyā kācid upāsanā vrajavadhū. Јас само ја опишувам мисијата на Господ Чаитанја. Тој ни дава инструкции, Неговата мисија е, дека единствениот посакуван објект е Кришна и неговата земја Вриндавана. И процесот на Неговото сакање, е жив пример, гопиите. Никој не може да го достигне. Постојат различни фази на посветеници, а гопиите, се претпоставува дека треба да бидат на највисокото ниво. А меѓу гопиите, севишната е Радхарани. Затоа никој не може да ја надмине љубовта од Радхарани. Ramyā kācid upāsanā vrajavadhū-vargeṇa yā kalpitā, śrīmad-bhāgavatam amalaam purāṇam. Сега, за да го научите ова, сета наука за љубов кон Бога, мора да има некоја книга, некоја овластена литература. Да. Чаитанја Махапрабху вели, śrīmad-bhāgavatam amalaam purāṇam. Шримад-Бхагаватам, тоа е беспрекорен опис за разбирање како да се сака Бог. Нема друг опис. Уште од почетокот учи како се сака Бог. Оние кои го проучувале Шримад-Бхагаватам, првиот стих во Првото поглавје е janmādy asya yatah, satyaam paraм dhīmahi (ШБ 1.1.1). Почетокот е дека „Ја оддавам својата понизна почит на Севишниот, од кого се појави се“. Janmādy asya yataḥ. Тоа е, знаете, тоа е возвишен опис. Но, Шримад-Бхагаватам ... Ако сакате да научите како да го сакате Бог или Кришна, тогаш студирајте го Шримад-Бхагаватам. И да се разбере Шримад-Бхагаватам, прелиминарната студија е Бхагавад-гита. Проучувајте ја Бхагавад-гита за да ја разберат вистинската природа, или препознавање на Бога и себе си и вашата врска, а потоа, кога сте малку запознаени, кога сте подготвени, дека „Да, Кришна е единствениот посакуван објект“ тогаш следната книга што ја земате е, Шримад-Бхагаватам. И продолжувате. Исто како Бхагавад-гита каква што е, е влез. Исто како и студентите, тие го положуваат матурскиот испит, па потоа одат на колеџ. Го положивте вашиот матурски испит, како да го сакате Бог, проучувајќи ја Бхагавад-гита каква што е. Потоа студирајте Шримад-Бхагаватам, и ... Тоа се дипломски студии. И кога сте уште понапредни, постдипломски, тогаш студирајте ги Учењата на Господ Чаитанја.