MK/Prabhupada 0287 - Oживеј те го своето сеќавање, вашата љубов кон Кришна

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Oживеј те го своето сеќавање, вашата љубов кон Кришна
- Prabhupāda 0287


Lecture -- Seattle, September 30, 1968

Прабхупада: Некое прашање?

Мадхудвиша: Прабхупада, дали е добро за нас да го читаме Шримад Бхагаватам, кога ќе излезе, откако ја добивме вашата Бхагавад Гита? Или дали треба целосно да го посветиме нашето време проучувајќи ја Бхагавад Гита каква што е и потоа ... и потоа да напредуваме од таму, или дали да продолжиме да го проучуваме Шримад Бхагаватам?

Прабхупада: Не, треба да ја читате Бхагавад Гита каква што е. Ова е само воведен дел. На духовно ниво, се е апсолутно. Ако ја читате Бхагавад Гита, ќе најдете исти понуди како и во Шримад Бхагаватам. Не значи дека ако го проучувате Шримад Бхагаватам неможете да ја проучувате Бхагавад Гита. Не е така. Ја читате таа литература и мантрате Харе Кришна, ги следите правилата и прописите и живеете среќно. Нашата програма е многу среќна програма. Ние мантраме, ние танцуваме, ние јадеме Кришнин прасадам, ние сликаме убави слики од Кришна и ги гледаме нив како се убаво декорирани и ние читаме филозофија. И што сакате повеќе?(смеа) Џанава: Како и зошто, на почетокот ние ја изгубивме нашата свесност за нашата вистинска љубов кон Кришна?

Прабхупада: Хм? Тамала Кришна: Како и зошто... Како и зошто на почетокот ние ја изгубивме нашата љубов кон Кришна? Џанава: Не, не љубовта. Само свесноста за љубов, од нашата вистинска љубов за Кришна.

Прабхупада: Нашата свесност е тука. Вие сакате некого. Но вие сте предодредени да го сакате Кришна, тоа сте го заборавиле. Заборавањето е исто така во нашата природа. Понекогаш ние забораваме. И посебно бидејќи ние сме многу мали, многу мали, дури неможам точно да се сетам што правев вчера во ова време. Заборавањето не е неприродно за нас. И повторно, ако некој не потсети, да го прифати тоа, тоа секако не е неприродно за нас. Нашиот сакан предмет е Кришна. Некако, ние сме го заборавиле Него. Не сме побарале во историјата, кога сме го заборавиле. Тоа е непотребна работа. Но, заборавивме, тоа е факт. Сега се обновува. Тука е потсетникот. Искористете ја можноста. Не се обидувајте, историски, зошто сте заборавиле и кога сме заборавиле. Дури и да знаете, зошто ви е тоа? Сте зборавиле. Прифатете. Исто ако отидете на доктор, тој никогаш нема да ве праша како се разболевте, која е историјата на оваа болест, кога, во колку време се инфициравте. Не. Тој едноставно ви го опипува пулсот, гледа дека ја имате таа болест и ви дава лекови: „ Да. Земете ги.“ Слично, ние страдаме. Тоа е факт. Никој не може да негира. Зошто страдате? Заборавајќи го Кришна. Тоа е се. Сега се потсетивте на Кришна и бидете среќни. Тоа е се. Многу едноставно. Сега не се обидувајте да најдете во историјата кога Го заборавивте. Вие Го заборавивте, тоа е факт, бидејќи страдате. Сега тука е можноста, движењето за свесност за Кришна. Оживејте го своето сеќавање, вашата љубов кон Кришна. Едноставно. Мантрајте Харе Кришна, играјте и земајте Кришнин прасадам. И ако не сте образовани, ако сте неписмени, слушајте. Имате природен дар, ушите. Имате природен јазик. Можете да мантрате Харе Кришна и можете да слушате Бхагавад Гита или Шримад Бхагаватам од образовани луѓе. Тука нема забрани. Нема забрани. Не бара никаква преквалификација. Едноставно треба да користите се што е употребливо. Тоа е се. Мора да прифатите. Тоа се бара.„ Да, јас треба да ја прифатам свесноста за Кришна.“ Тоа зависи од вас, бидејќи вие сте независни. Ако не се сложувате, „Не. Зошто да го прифатам Кришна?“ никој неможе да ви го даде. Но ако се согласите, тоа е тука, многу лесно. Земете го.