MK/Prabhupada 0290 - Кога вашата страст не е исполнета, станувате лути



Lecture -- Seattle, September 30, 1968

Упендра: Прабхупада, што е природата на лутината? Како лутината ... Прабхупада: Лутина значи страст. Кога сте во страст и вашата страст не е исполнета, станувате лути. Тоа е се. Има уште една карактеристика на страста. Kāma eṣa krodha eṣa rajo-guṇa-samudbhavaḥ. Кога сте премногу под влијание на гуната на страст, вие станувате страстни. И кога вашата страст не е исполнета, тогаш сте лути, следната фаза. И следната фаза е дека постои збунетост. И тогаш следната фаза е praṇaśyati, тогаш сте изгубени. Затоа секој мора да ги контролира овие страст и гнев. Ова контролирање значи дека треба да се ставите во гуната на добрина, а не во гуната на страст. Постојат три гуни на материјална природа: гуна на незнаење, гуна на страст и гуна на добрина. Затоа, ако некој сака да ја знае науката за Бога, тогаш мора да биде во гуната на добрина. Инаку тој не може. Затоа ние ги подучуваме нашите ученици дека „ Не го прави тоа, не го прави тоа, не го прави тоа, не го прави тоа“, затоа што мора да биде во гуната на добрина. Инаку тој нема да биде во можност да разбере. Свесноста за Кришна не може да се сфати на ниво на незнаење и страст. Целиот свет е под влијание на незнаење и страст. Но, овој метод е толку едноставен што ако едноставно ги следите четирите принципи на ограничување и мантрате Харе Кришна, веднаш ги надминувате сите гуни на материјалната природа. Значи лутината е на ниво на страста.