MK/Prabhupada 0291 - Не посакувам да бидам подреден, не посакувам да се поклонувам - тоа е твојата болест



Lecture -- Seattle, September 30, 1968

Прабхупада: Да?

Младич: Можете ли повторно да ја објасните подреденоста?

Тамала Кришна: Повторно објаснете ја подреденоста.

Прабхупада: Подреденост, едноставно е. Вие сте подредени. Вие не разбирате што е подреденост? Дали е многу тешко? Не сте ли подредени на некого?

Младич: Па, да, претпоставувам дека би можел да кажам дека сум бил.

Прабхупада: Да. Мораш. Сите. Секој мора да биде подреден, во подреденост.

Младич: Тоа е, во духовна смисла, јас не се чувствувам подредено ...

Прабхупада: Пред се, треба да разберете што е духовен живот, потоа ... Во духовна смисла исто така сте подредени затоа што вашата природа е подреденост. Духовно, што мислите под духовно и материјално?

Младич: Па, како, моето тело е на одредено место и време и сите овие (нејасно) Ако имам работа тогаш сум подреден на мојот шеф, но вистинското, целото мое битие, моето вистинско битие, моето внатрешно битие не ... Не мислам дека сум му подреден на мојот шеф. Мислам дека ќе бидеме повеќе или помалку еднакви. Во привремена смисла...

Прабхупада: Да. Оваа свестност е многу добра, дека чувствувате незадоволство што сте подредени на вашиот шеф. Не е тоа?

Младич: Не, тоа не е точно.

Прабхупада: Тогаш?

Младич: Не сум особено ...

Прабхупада: Секој.

Младич: Не мислам дека ... Зборувајќи за овој конкретен случај, не мора да значи дека ќе се чувствувам љубоморен на овој човек, бидејќи тој беше над мене. Но, јас само се чувствувам како суштества што сме повеќе или помалку сите еднакви. Мислам, знаете, тоа е вид на филозофија што ја имам. Јас не чувствувам дека морам да се поклонам некому и не чувствувам дека некој треба да ми се поклони мене.

Прабхупада: Зошто? Зошто? Зошто да не се поклоните? Зошто?

Младич: Затоа што не чувствувам дека му должам нешто или тој ми должи нешто.

Прабхупада: Тоа е болеста. Ние сме принудени да се поклониме и мислиме дека „Не сакам да се поклонам“. Ова е болест.

Младич: Не ме присилува да се поклонам.

Прабхупада: Да.

Младич: Не ме принудува да сторам било што. Јас сум само таму и тој е само таму.

Прабхупада: Не. Само обидете се да разберете. Тоа е многу добро прашање. Вие велите дека „Не сакам да се поклонам“. Нели?

Младич: Во основа тоа е точно, да.

Прабхупада: Да. Зошто?

Младич: Бидејќи не се чувствувам инфериорно ...

Прабхупада: Тоа е болеста. Сте ја дијагностицирале вашата сопствена болест. Тоа е болеста на материјализмот. Сите мислат дека „Сакам да бидам господар. Не посакувам самиот да се поклонам“. Сите си мислат, не само вие. Само обидете се, дозволете ми да го завршам ова. Ова е болест, материјална болест. Најпрво, обидете се да разберете. Тоа не е твоја болест или моја болест. Сечија болест е ова, дека „Зошто да се поклонам? Зошто јас да станам подреден?“ Но, природата ме присилува да станам подреден. Сега кој сака да ја сретне смртта? Зошто луѓето умираат? Можете ли да одговорите на ова?

Младич: Зошто луѓето умираат?

Прабхупада: Да. Никој не сака да умре.

Младич: Мислев дека тоа е биолошки ...

Прабхупада: Само обидете се да разберете. Кој е тука ... Тоа значи биолошка сила. Вие сте подредени на биологијата. Тогаш, зошто велите дека сте независни?

Младич: Па, чувствувам дека сум ...

Прабхупада: Вие се чувствувате погрешно. Тоа е мојата поента. Тоа е вашата болест.

Младич: Се чувствувам осамено?

Прабхупада: Да, погрешно.

Младич: Погрешно?

Прабхупада: Да. Вие сте подредени. Мора да се поклоните. Кога смртта е таму, не можете да речете „Ох, јас не ви се потчинувам“. Затоа вие сте подредени.

Младич: Јас сум подреден на Бога, да.

Прабхупада: Не, не, немојте... Заборавете на Бога. Само сега зборуваме здраворазумно.

Младич: Кришна ... Јас не ...

Прабхупада: Не. Не зборувај за Кришна. Тоа е многу далеку. Само обиди се да разбереш дека не сакаш да умреш, зошто си присилен на смрт?

Младич: Зошто сум присилен на смрт?

Прабхупада: Да. Бидејќи си подреден.

Младич: Ох, да.

Прабхупада: Да. Потоа ја разбирате вашата позиција, дека сте подредени. Вие не можете да изјави дека „Јас сум слободен, јас не сум подреден“. Ако посакате „Не посакувам да бидам подреден, не посакувам да се поклонувам“, тоа е твојата болест.

Младич: Што сакате да ... Што ...

Прабхупада: Не, најпрвин обидете се да ја разберете вашата болест. Потоа ќе го дијагностицираме вашиот лек.

Младич: Се чувствувам погрешно, во ред, но на кој или кого ... На кого точно се поклонувам, мислам ...

Прабхупада: Вие им се поклонувате на сите. И се поклонувате на смртта, се поклонувате на болеста, се поклонувате на староста. Им се поклонувате на толку многу работи. Вие сте присилени. И сеуште мислите дека „Не можам да се поклонувам. Не ми се допаѓа“. Бидејќи велите „Не ми се допаѓа“, затоа сте принудени. Мора да се поклоните. Зошто ја заборавате вашата позиција? Тоа е нашата болест. Затоа, следниот процес е дека „Јас сум принуден да се поклонам“. Сега треба да дознаеме „Каде ќе бидам среќен дури и со поклонувањето?“ Тоа е Кришна. Вашето поклонување нема да биде запрено, затоа што сте наменети за тоа. Но, ако му се поклоните на Кришна и на претставникот на Кришна, ќе станете среќен. Тестирајте го ова. Мора да се поклоните. Ако не се поклоните на Кришна и Неговиот претставник, тогаш ќе бидете принудени да се поклоните на нешто друго, маја. Тоа е вашата позиција. Вие не можете да бидете слободни во секој момент. Но, ќе се чувствувате ... Исто како што детето дваесет и четири часа се поклонува на своите родители. Тоа е среќно. Тоа е среќно. Мајката вели: „Драго дете, те молам дојди, седни тука“. „Да“. Тоа е среќно. Ова е природата. Едноставно мора да побарате каде треба да се поклоните, тоа е сè. Тоа е Кришна. Не можете да го прекинете поклонувањето, но морате да видите каде треба да се поклоните. Тоа е се. Ако вештачки мислите дека „Јас нема да се поклонам никому. Јас сум независен“, тогаш страдате. Едноставно треба да го барате вистинското место каде што треба да се поклоните. Тоа е се. Во ред. Мантрајте.