MK/Prabhupada 0294 - Шест точки за предавање на Кришна
Lecture -- Seattle, October 4, 1968
Има шест точки за предавање на Кришна. Една точка за предавање е да веруваме дека „Кришна ќе ме заштити“. Исто како малото дете има целосна вера во неговата мајка: „Мојата мајка е таму. Нема опасност“. Уверен. Сум го видел тоа. Сите. Јас имам... Ќе раскажам едно практично искуство. Во Калкута, во моите помлади денови, патував во трамвај, и мојот најмлад син беше со мене. Имаше само две години, или две и пол години. Кондуктерот, на шега, го праша, „Дај ми ја твојата карта.“ Најпрво тој рече: „Јас немам пари.“ Кондуктерот рече: „Тогаш слезете доле.“ Тој веднаш рече: „Ох, ова е мојот татко“. (Смеа) Гледате. „Не можете да ми кажете да слезам доле. Татко ми е тука.“ Гледате? Тоа е психологија. Ако сте го достигнале Кришна, тогаш дури и најголемиот страв нема да ве вознемири. Тоа е факт. Таков е Кришна. Обидете се да го достигнете овој најголем благодет, Кришна. И што вели Кришна? Kaunteya pratijānīhi na me bhaktaḥ praṇaśyati (БГ 9.31). „Драги мој Kaunteya, син на Kuntī, Arjuna, објави во светот дека Моите посветеници никогаш нема да бидат поразени.“ Никогаш нема да бидат поразени. Kaunteya pratijānīhi na me bhaktaḥ praṇaśyati. Слично, постојат многу пасуси во Бхагавад-гита. Цитирам од Бхагавад-гита бидејќи оваа книга е многу популарна низ целиот свет, и ... Обидете се да ја разберете, прочитајте ја оваа книга, многу вредна книга на знаење. Значи Кришна вели:
- ahaṁ sarvasya prabhavo
- mattaḥ sarvaṁ pravartate
- iti matvā bhajante māṁ
- budhā bhāva-samanvitāḥ
- (БГ 10.8)
Кој може да го обожува Кришна? Тоа е опишано тука, оваа будха. Будха значи најинтелигентна личност. Бодха, бодха значи знаење, а будха значи оној кој е мудар, полн со знаење. Секој сака знаење. Овде го имате овој Универзитет во Вашингтон. Има многу студенти. Тие дојдоа тука за да стекнат знаење. Оној кој стекнал совршенство во знаењето или највисокото ниво на знаење, тој се вика будха. Не само будха, туку bhāva-samanvitāḥ. Бхава значи екстаза. Човек мора да биде многу учен и мудар, во исто време тој мора да чувствува духовна екстаза. „Таква личност,“ вели Кришна, iti matvā bhajante mām. „Таквите личности ме почитуваат или ме сакаат“. Оној кој е многу интелигентен и оној кој е трансцендентно полн со многу екстаза, таквата личност го сака Кришна или го обожува Кришна. Зошто? Бидејќи iti matvā, „со разбирање на ова.“ Што е ова? Ahaṁ sarvasya prabhavo (БГ10.8), „Јас сум потеклото на сè, сарвасја.“ Што и да донесете, тоа е, ако продолжите, барате, тогаш на крај ќе најдете дека тоа е Кришна. Веданта, исто така, го вели истото. Што е Брахман? Athāto brahma jijñāsā.