MK/Prabhupada 0295 - Некоја жива сила ги снабдува сите барања на сите други живи суштества



Lecture -- Seattle, October 4, 1968

Овој живот, овој човечки живот ... го имаме сега ... Во друг живот уживавме во задоволување на сетилата во целост. Што можеме да уживаме во овој човечки живот? Во друг живот ... Се разбира, според Дарвиновата теорија, токму пред овој човечки живот постоел живот на мајмун. Мајмун ... Вие немате искуство. Во Индија имаме искуство. Секој мајмун има најмалку стотина девојки за себе. Сто, сто. Дали можеме да уживаме? Секој, секој, тие имаат пар, и секој пар, еден мајмун има најмалку педесет, шеесет, не помалку од дваесет и пет. Животот на свињите, тие имаат исто така и десетици ... Десетици. И тие не прават разлика: „Кој е мојата мајка, која е мојата сестра, која е моја роднина“. Гледате? Тие уживаат. Сакате да кажете дека човечкиот живот треба да личи на ова - како мајмуни и свињи и мачки и кучиња? Дали е тоа совршенството на човечкиот живот, за да се задоволи сетилното уживање? Не. Дека сме уживале во разни форми на живот. Сега? Веданта вели, athāto brahma jijñāsā. Овој живот е за распрашување и разбирање на Брахман. Што е тоа Брахман? Īśvaraḥ paramaḥ brahma or parama, īśvaraḥ paramaḥ kṛṣṇaḥ (Бс. 5.1). И Кришна е Пара-брахман. Брахман, сите ние сме Браман, но Тој е Пара-брахман, Севишниот Брахман. Īşvaraḥ paramaḥ kṛṣṇah (Бс 5.1). Исто како, сите вие сте Американци, но вашиот претседател Џонсон е севишен Американец. Тоа е природно. Ведите велат дека севишниот на сите е Бог. Nityo nityānāм cetanaś cetanānām (Kaṭha Upanishad 2.2.13). Кој е Бог? Тој е најсовршениот вечен, Тој е најсовршената жива сила. Тоа е Бог. Eko bahūnām vidadhāti kāmān. Eko bahūnām vidadhāti kāmān. Значењето е дека некоја жива сила ги снабдува сите барања на сите други живи суштества. Исто како во семејството, таткото ги снабдува потребите на жената, децата, слугата - мало семејство. Слично, ќе го проширите: владата или државата или кралот ги снабдуваат потребите на сите граѓани. Но, сè е нецелосно. Сè е нецелосно. Можете да го снабдите вашето семејство, да го снабдите вашето општество, да ја снабдите вашата земја, но не можете да ги снабдите сите. Но, постојат милиони и трилиони живи суштества. Кој снабдува храна? Кој снабдува стотици и илјадници мравки во дупката во вашата соба? Кој снабдува храна? Кога одите на Зеленото Езеро, има илјадници патки. Кој се грижи за нив? Но, тие живеат. Има милиони врапчиња, птици, ѕверови, слонови. Одеднаш тој јаде по стотина килограми. Кој снабдува храна? Не само тука, но има и многу милиони и трилиони планети и универзуми насекаде. Тоа е Бог. Nityo nityānām eko bahūnām vidadhāti kāmān. Секој е зависен од Него, и Тој ги снабдува сите потреби, сите потреби. Сè е комплетно. Исто како оваа планета, сè е комплетно.

pūrṇam idaṁ pūrṇam adaḥ
pūrṇāt pūrṇam udacyate
pūrṇasya pūrṇam ādāya
pūrṇam evāvaśiṣyate
(Iso Вовед)

Секоја планета е направена така што е само по себе комплетна. Има вода, сместена во морињата и океаните. Таа вода е земена од сонцето. Не само тука, на други планети исто така, се случува истиот процес. Се претвора во облак, а потоа се распоредува низ целата земја, и таму се одгледува зеленчук, овошје и растенија, сè. Значи сè е комплетен аранжман. Дека мораме да разбереме, кој го прави овој аранжман целосен насекаде. Сонцето изгрева во определено време, месечината изгрева во определено време, сезоните се менуваат во определено време. Што можеш да кажеш? Во Ведите има докази дека постои Бог.