MK/Prabhupada 0296 - Иако Господ Исус Христос беше жртвуван, тој никогаш не го смени неговото мислење

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Иако Господ Исус Христос беше жртвуван, тој никогаш не го смени неговото мислење
- Prabhupāda 0296


Lecture -- Seattle, October 4, 1968

Има доказ во Ведите дека постои Бог. Во сите списи, секоја света личност, посветеници, претставници на Бог... Исто како Господ Исус Христос, тој дава информации за Бог. Иако бил распнат, тој никогаш не го сменил неговото мислење. Ние имаме докази од списите, од Ведите, од светите личности, па ако речам, „Бог е мртов. Нема Бог,“ тогаш каков човек сум јас? Тоа се вика демон. Тие никогаш нема да веруваат.Тие никогаш нема да веруваат... Токму спротивно од демонот е будха. Будха значи многу интелигентен, мудар човек. Во Чаитанја Чаритамрита е речено дека, kṛṣṇa ye bhaje se baḍa catura. Секој кој ќе биде привлечен од Кришна и ќе го сака Него... Обожување значи сакање. Во почетокот е обожување, но на крајот е љубов. Обожување. iti matvā bhajante māṁ budhā. Секој кој е мудар, кој е интелигентен, кој знае дека Кришна е причинителот на сите причини...

īśvaraḥ paramaḥ kṛṣṇaḥ
sac-cid-ānanda-vigrahaḥ
anādir ādir govindaḥ
sarva-kāraṇa-kāraṇam
(Бс. 5.1)

Sarva-kāraṇa: се има причина, причина и последица. Кога одете да пронајдете која е причината за ова, која е причината за ова, која е причината за ова, тогаш ќе го најдете Кришна. Sarva-kāraṇa-kāraṇam. Веданта вели: janmādy asya yataḥ (ШБ 1.1.1). Не можете да кажете дека нешто се појавило само од себе. Тоа е будалесто. Се има причина за создавање. Се. Тоа е интелигенција. Немојте да кажете... Нешто како што модерните научници велат, дека, „Таму имаше парче и таму имаше креација - можеби. Таму има „можеби,“ гледате. Ваков вид на знаење е бескорисен. Мора да пронајдете. Ако го прашам научникот, „Што е причината на ова парче?“ Тие неможат да ми одговорат. Пронајдете ја причината, а вие ќе ја надете... Ако неможам да ја најдам, тогаш треба да следиме. Mahājano yena gataḥ sa panthāḥ (ЧЧ Мадхја 17.186). Ние треба да ги следиме овластените ачарји. Ако сте Христијанин, само следете го Исус Христос. Тој рече, „Има Бог.“ И вие прифаќате дека има Бог. Тој рече дека, „Бог го создаде ова.“ Тој рекол, „Нека биде креација“ и имало креација. Ние го прифаќаме тоа, „Да, Бог го создаде.“ Тука исто така во Бхагавад Гита, Бог рече, Кришна рече, ahaṁ sarvasya prabhavo (БГ 10.8), „Јас сум потеклото.“ Бог е потеклото на креацијата. Sarva-kāraṇa-kāraṇam: (Бс. 5.1). Тој е причината на сите причини. Ние треба да земеме пример од светите личности, треба да ги проучуваме овластените книги и Ведите и треба да го следиме нивниот пример; тогаш свесноста за Кришна или спознавањето на Бога или свесноста за Бога не е тешка. Многу е лесна. Тогаш нема, сакам да кажам, никаква препрека на патот на вашето разбирање кој е Бог. Се е таму. Бхагавад Гита е таму, Шримад Бхагаватам е таму. Ако прифатите, вашата Бибилја е таму, Куранот е таму, секаде. Без Бога, ќе нема ниедна книга или списи. Во денешно време, се произведуваат толку многу работи. Но во секое цивилизирано општество, концептот на Бог е таму – во согласност со времето, во согласност со луѓето, но идеата е таму. Сега вие треба да разберете jijñāsā. Затоа Веданта сутра вели дека вие треба да се обидете да го разберете Бог со прашања, прашања. Овие прашања се многу важни.