MK/Prabhupada 0298 - Ако имате силна желба да го служите Кришна, тоа е вистинска вредност

From Vanipedia
Jump to: navigation, search

Ако имате силна желба да го служите Кришна, тоа е вистинска вредност
- Prabhupāda 0298


Lecture -- Seattle, October 4, 1968

Прабхупада: Некое прашање?

Вишнуџана: Како да му служиме на Кришна?

Прабхупада: Со вашата вознемиреност. (смеа, "Харибол!") Ако имате силна желба да го служите Кришна, тоа е вистинска вредност. Кришна е неограничен. Која служба можеме да му ја понудиме Нему? И Тој има неограничен број слуги исто така. Каква служба му треба Нему од Вас или мене? Тој е совршен со самиот себе. Тој не посакува никаква служба исто така. Но ако посакуваш да му служиш Нему, тогаш Тој не одбива. Тоа е Негова милост; тоа е неговата величественост. Колку повеќе ја зголемувате вашата желба да го служите Кришна, толку станувате посовршен. Тој е неограничен. Со вашата желба, станувате неограничен. Има натпреварување. Колку повеќе му служите на Кришна, Тој се повеќе ве прифаќа и се повеќе ви дава интелигенција. Гледате? Духовниот свет е неограничен. Нема крај на службите и нема крај на прифаќање на служби. Не е тоа. Големата желба. Tatra laulyam eka mūlyam. Тоа е... Јас не го произведувам одговорот, но ви давам доказ од Рупа Госвами, нашиот ачарја. Тој рече, kṛṣṇa-bhakti-rasa-bhāvitā matiḥ krīyatāṁ yadi kuto 'pi labhyate: „ Драг мој господине, драги мои момчиња и девојки, ако можете да набавите... вашето чувство за љубов кон Кришна – ,Како можам да го сакам Кришна се повеќе и повеќе’- толку, толку малку, толку вознемиреност, ако можете да набавите matiḥ,“- значи интелигенција; тоа е многу добра интелигенција, „ , Како можам да му служам на Кришна...’ “ Kṛṣṇa-bhakti-rasa-bhāvitā matiḥ. Matiḥ значи интелигенција или статус на умот, дека „Јас ќе му служам на Кришна.“ „Ако можете да го набавите овој статус на умот некаде, ве молам набавете го веднаш.“ Потоа следното прашање ќе биде, „Добро, јас ќе го набавам. Која е цената, дали знаете?“ „Да, ја знам цената.“ „Laulyam, едноставно вашата голема желба, тоа е се.“ Laulyam ekaṁ mūlyam. „Ах, тоа можам да го имам?“ Не. Na janma koṭibhis sukṛtibhir labhyate. Оваа голема желба, како да се сака Кришна, таа не е достапна дури ни после многу, многу раѓања. Ако имате барем малку од таа желба, „Како можам да го служам Кришна?“ вие мора да знаете дека сте многу среќен човек. Малку само од оваа желба, laulya, „ Како можам да го служам Кришна?“ тоа е многу добро. Тогаш Кришна ќе ви даде интелигенција.

teṣāṁ satata-yuktānāṁ
bhajatāṁ prīti-pūrvakam
buddhi-yogaṁ dadāmi tam...
(БГ 10.10)

"Секој што е ангажиран со љубов и посветеност во Мојата служба, без никакви претензии,“ тогаш Кришна ќе разбере се. Тој е во мене, во тебе. Тогаш тој ќе ви даде интелигенција: „Драго мое момче, дали го сакаш ова.“ И со правењето на тоа, што ќе постигне? Yena mām upayānti te: „Тој ќе ми се врати Мене.“ И што корист ќе има тој со одењето таму? Yad gatvā na nivartante tad dhāma paramaṁ mama (БГ 15.6). Māṁ hi pārtha vyapāśritya ye 'pi syuḥ pāpa-уоnayaḥ (БГ 9.32). Duḥkhalayam aśāśvatam (БГ 8.15). Има толку многу. Ве молам читајте ја Бхагавад Гита каква што е. Ќе добиете совршено знаење, наука за Бога. Тоа е единствената студија за човечкото суштество. Едноставно вашата голема желба е совршенство да му се служи на Кришна. Зголемете ја таа желба. А желбата значи, ако го сакате Кришна, таа желба ќе се зголеми со зголемување на вашата љубов. „Како можам да го служам Кришна?“ Бидејќи вие доброволно му служите, никој не ве принудува. Тоа значи, ако не го сакате Кришна, како таа желба ќе се зголеми? Има толку многу работи за да се сака Кришна. За почеток е ова śravaṇaṁ kīrtanam. Ова śravaṇaṁ, слушање и мантрање. Слушање, вие слушате Харе Кришна, вие слушате Бхагавад Гита, вие слушате Шримад Бхагаватам за Кришна, и мантрање. Ова е почеток. Потоа природно,

śravaṇaṁ kīrtanaṁ viṣṇoḥ
smaraṇaṁ pāda-sevanam
arcanaṁ vandanaṁ dāsyaṁ
sakhyam ātma-nivedanam
(ШБ 7.5.23).

Овие девет различни видови на служби за Кришна ќе ве просветлат, ќе напредувате во свесноста за Кришна и вашиот живот ќе биде успешен. Некое друго прашање? Обидете се да разберете, прашање. Не е работата дека ние намерно притискаме. Вие имате интелигенција. Кришна ви дал интелигенција. Обидете се да разберете со вашата интелигенција, но не се обидувајте да избегнувате. Направете го прашањето за да разберете, не за да направите прашање што ќе го избегнете. Има два вида на прашања.Тоа прашање нема да ви помогне. Ако се обидувате да избегнете, тогаш Кришна ќе ви помогне да го избегнете и ако сакате да го фатите Кришна, тогаш Кришна ќе ви помогне како да го фатите. Две работи се случуваат. Кој пат го сакате, вие можете да го прифатите. Ye yathā māṁ prapadyante tāṁs tathaiva bhajāmy aham (БГ 4.11). Кришна помага во согласност со однесувањето на човекот. Има... Исто како толку многу филозофи, тие сакаат да го заборават Кришна. Ќе најдете во книгата на Др Радхакришна, во Деветото поглавје Кришна вели man-manā bhava mad-bhakto mad-yājī māṁ namaskuru (БГ 18.65). Преводот е добар, но тој коментира, „Не е до Кришна, дека вие треба да се предадете.“ Гледате. Тоа значи целиот негов процес на пишување на книгата е погрешно да ги насочи луѓето, како некој да го заборави Кришна. Ако некој сака да го заборави Кришна, Кришна ќе му даде таква интелигенција така да тој никогаш нема да биде во состојба да го разбере Кришна. Но ако некој се обидува да го сака Кришна, да го разбере Кришна, Тој ќе му даде целосна интелигенција. Вие може да разберете. Тоа е Кришна. Вие имате целосна слобода. Но ако го заборавите Кришна, тогаш треба да и служите на маја, а ако го сакате Кришна, тогаша маја ќе ве напушти.