MK/Prabhupada 0300 - Првобитната личност не е мртва
Lecture -- Seattle, October 2, 1968
Прабхупада: Govindam ādi-puruṣaṁ tam ahaṁ bhajāmi. Приврзаници: Govindam ādi-puruṣaṁ tam ahaṁ bhajāmi. Прабхупада: Нашата програма е да ја обожуваме првобитната Врховна Божја Личност, Говинда. Ова е движење за свесност за Кришна, да дознаете која е првобитната личност. Природно, сите се загрижени да ја дознаат првобитната личност на едно семејство, првобитната личност во едно општество, првобитната личност на нацијата, првобитната личност на човештвото ... Постојано барање. Но, ако можете да ја дознате првобитната личност од кого поизлезе сè, тоа е Брахман. Janmādy asya yataḥ (ШБ 1.1.1). Веданта-сутра вели Брахман, Апсолутната Вистина, е тоа од кого се создаде сè. Многу едноставен опис. Што е Бог, што е Апсолутна Вистина, многу едноставна дефиниција - првобитната личност. Движењето за свесност за Кришна значи да и се пријде на првобитната личност. Првобитната личност не е мртва, затоа што сè произлегува од првобитната личност, па сето тоа функционира многу убаво. Сонцето изгрева, Месечината изгрева, годишните времиња се менуваат, па ... Постои ноќ, постои ден, по редослед. Функционирањето на телото на првобитната личност е добро. Како може да кажете дека Бог е мртов? Исто како во вашето тело, кога лекарот преку мерење на пулсот наоѓа дека чукањето на срцето е добро, тој не изјавува дека „Овој човек е мртов.“ Тој вели: „Да, тој е жив.“ Слично, ако сте доволно интелигентни, можете да го почувствувате пулсот на универзалното тело - и тоа е добро. Па, како можете да кажете дека Бог е мртов? Бог никогаш не е мртов. Тоа е верзија на неранимајковците дека Бог е мртов - неинтелигентни личности, лица кои немаат осет како да почувствуваат дека нешто е мртво или живо. Оној кој има осет да почувствува кога нешто е мртво или живо, да разбере, тој никогаш нема да каже дека Бог е мртов. Затоа, во Бхагавад-гита се наведува дека: janma karma me divyaam yo jānāti tattvataḥ: (БГ 4.9) „Секоја интелигентна личност која едноставно може да разбере, како се раѓам и како работам, "janma karma ... Сега, означете го овој збор janma, раѓање; и карма, работа. Тој никогаш не вели janma mṛtyu. Мритју значи смрт. Сè што е родено, има и смрт. Било што. Немаме никакво искуство она што се родило, да не умрело. Ова тело е родено; затоа ќе умре. Смртта се раѓа со раѓањето на моето тело. Јас ја зголемувам мојата возраст, бројот на години од мојата возраст, значи дека умирам. Но, во овој стих од Бхагавад-гита, Кришна вели janma karma, но никогаш не вели „Мојата смрт.“ Смртта не може да се случи. Бог е вечен. Вие исто така, исто така не умирате. Тоа не знам. Едноставно го менувам моето тело. Значи ова треба да се разбере. Науката за свесност за Кришна е голема наука. Се наведува ... Тоа не е нова работа, се наведува во Бхагавад-гита ... Повеќето од вас, добро ја познавате Бхагавад-гита. Во Бхагавад-гита, не се прифаќа дека по смртта на ова тело ... Поточно не смрт -туку, по уништувањето, изгледот или исчезнувањето на ова тело, вие или јас не умираме. Na hanyate. (БГ 2.20) Na hanyate значи „никогаш не умира“ или „никогаш не е уништено,“ дури и по уништувањето на ова тело. Ова е состојбата.